Chasing the sun

Спремни за продолжен викенд?

club-sun-tanning-salon-1100201-regular

Голем дел од нас ќе заминат некаде викендов. Покрај вода или на планина, на 18ти Јули кај и да сме, сонце не ни бега.

За некое чудо, оваа година не се изнаслушавме многу предупредувања за УВ штетноста на сончевите зраци. А и немаме намера да почнеме сега. Колку штетни, сонцето има и позитивни ефекти врз нашето здравје. Заслужувате да ги знаете двете страни.

  • Сонцето е единствен природен извор на витамин Д. Овој витамин се повеќе се нагласува како еден од најважните превентивни фактори во човековото здравје!
  • Постепениот процес на потемнување е природна заштита од горење на кожата. За разлика од некои креми за сончање, потемнетиот тен обезбедува целосен спектар (УВА & УВБ) на заштита од горење на кожата.
  • Докажано е дека луѓето кои живеат во сончеви области имаат помал ризик за заболување од одредени видови на канцер.
  • Сонцето делува и како природен антидепресив. Вештачкта светлина мозокот ја перцепира како „скоро темно“, додека оваа природната влијае благопријатно на нашето расположение.
  • Изложеноста на сончева светлина докажно ги намалува симптомите на ПМС! Особено кога се работи за промени во расположението, иритабилност, или физичка непријатност.

Но не е се така сончево:

  • Преголемата изложеност на сонце доведува до стареење на кожата, затоа што ги оштетува еластичните ткива на кожата
  • Покрај тоа што може да ја направи кожата груба и сува, прекумереното сончање е предизвикувач и на брчки и пеги
  • Преголемо изложување на сонце е поврзано и со оштетување на целокупниот имун систем
  • Во одредени случаи, сончањето може да предизвика создавање и на канцерогени тумори
  • УВА зраците се длабоко пенетрирачки зраци кои се поврзуваат со создавање на меланом

Од нас, само една препорака: уживајте, каде и да сте! 🙂

solar-vertical-bronz-uniform_mdmi