Драги партнери и соработници,

Моментум Инк. е визионерски концепт за дизајн и организација на настани кои ја трансформираат реалноста, преку залагање за два принципа: уникатна цел и беспрекорно извршување. Водени сме од идеја за придонес кон развој и подобрување на квалитетот на живот во заедницата. Токму затоа, нашата цел е да создадаваме повеќе од настани; да создаваме уникатни и незаборавни искуства за секој еден кој ќе дојде во допир со настаните на Моментум Инк. Извршувањето на еден настан е уметност. Шармот и незаборавноста се крие во фините детали кои ја оддаваат посветеноста и искрената желба. Затоа, оддадени сме на беспрекорност која се забележува во работата на Моментум Инк.. Преку соработка со нас, и Вие сте дел од оваа трансформација. Заедно, можеме да ги подигнеме стандардите во професионалноста, и да создаваме незаборавни искуства за подобар квалитет на живот.

Искрено, Огнена Васиљевиќ Основач и Генерален Менаџер

Моментум Инк. е посветена на развој и имплементација на смели, свежи и релевантни настани. Постоиме за да создаваме значајни и вредни искуства за нашата заедница и нашите партнери, остварени на беспрекорен и извонреден начин. Веруваме во стручност и професионализам, а имаме за цел да ги подигнеме стандардите кога станува збор за дизајнирање и создавање на прекрасни, значајни настани. Страствени сме за работа која вреди да се работи. …и како вечни сонувачи, се трудиме да ги зачиниме нештата со малку магија и радост, а среќата да ја направиме наша реалност.

Извонредност и „WOW“ – фактор.

Просечноста не е опција. Моментум Инк. се стреми кон исклучителност. Нашата работа е впечатлива и импресивна. Мотивирани сме да се надминеме со секој следен проект, кршејќи ги сопствените граници. Признаваме дека човечкиот потенцијал е бескраен, и ги надминува ограничувањата кои самите си ги поставуваме. Затоа, иако се гордеееме со нашите достигнувања, не се задоволуваме, туку ја негуваме искрата која не поттикнува да ги изненадиме нашите партнери, и самите нас, со секој следен завршен проект.

Претворање на работата во забава.

Моментум Инк. е забавно место за работа. Во зборовите на Ноел Коуард – „Работата е многу позабавна од забавата“. Се доживуваме ведро и го цениме хуморот. Нашата култура е креативна и експресивна; охрабруваме разноликост, и веруваме дека токму тоа е она што го создава незаборавниот карактер на Моментум Инк..

Интегритет, вистина и веродостојност.

Водени сме од силни морални принципи и морална правичност. Силно веруваме дека не смее да постои компромис кога е во прашање вистината, и целиме да бидеме признаени од нашите партнери како доверлив, сигурен и чесен партнер, пред се.

Партнерството со нашата заедница.

Нашата главна движечка сила е да оствариме позитивно влијание врз општеството. Во нашата заедница препознавме важен стеикхолдер. Затоа, не само што ја почитуваме, но и се здружуваме со јавноста, постојано барајќи го и вреднувајќи го нејзиното мислење. Ги следиме актуелните трендови и се трудиме да се обратиме на потребите на заедницата. Нашите проекти придонесуваат за благосостојбата и растот на секоја индивидуа која учествува во истите.

Партнерство во деловното работење.

Изградени сме врз основа на трајни, взаемно корисни деловни врски. Размислуваме на долг рок – во Моментум Инк. не постои такво нешто како еднократна соработка. Во потрага сме да се поврземе со нашите партнери на подлабоко ниво, да ги разбереме нивните потреби и да обезбедиме вредни придобивки и конструктивна и плодна врска. Секој ентитет во интеракција со Моментум Инк. го сметаме за наш стратешки партнер.

Водени од љубопитност.

Имаме дух на интерес и истражување, силна желба за учење, раст и развој. Ги прифаќаме и поттикнуваме промените, бидејќи разбираме дека успехот е силно поврзан со движењето, еволуцијата и иновацијата. Во тој дух, ние сме отворени, предводници, и пред нашето време.

A PERPETUAL DRIVE FOR EXCELLENCE IN PROVIDING OUTSTANDING BUSINESS SOLUTIONS.