Are you loving Mondays yet?

Squirrel and relax

Ги засакавте ли барем малку понеделниците?

Помина еден месец како се трудиме да ве расположиме секој понеделник. Времето лета, нели? Време е малку да ги промениме работите. Со надеж дека научивте како да се релаксирате и подготвите за претстојната недела, (mixed feelings (sad) (sigh)) ја испраќаме оваа рубрика во архива, со деншниов последен пост на темата.

Понеделник: Набавете си стрес топче

Ви треба освежување на бирото? Имаме идеја за нова декорација. Набавете топче за опуштање од стресот. Доаѓаат во секакви форми – од регуларни топчиња, до ѕвездички, смешковци, баскет, фудбал, тениски топчиња и што ли уште не. Освен што ќе го освежи бирото, само 3 минути притисок на почетокот или крајот на денот се доволни за да ве ослободат од тензијата што ја чувствувате.

Вторник: Посегнете по сонцето

Сончевата светлина може да биде ефективен третман за луѓе кои страдаат од хронична депресија, а значително ги развеселува и здравите луѓе. Одвојте пет минути, излезете надвор и искористете ги сончевите зраци. Затворете ги очите и слушајте ги звуците кои ве опкружуваат. Не мора да сте во природа, луѓето кои живеат во градски средини се навикнати на звуците на градот, па нивното восприемање секако може да делува смирувачки.

Среда: Истегнете се!

Истегнувањето ги ослободува затегнатоста и притисокот во мускулите и помага за релаксација во стресните работни денови. Предлагаме: The Ultimate “Deskercise” Stretch Routine.

Четврток: Медитација

Нема потреба да одите на планина. Само петминутен душевен мир е сé што ви е потребно за да ги почувствувате благодетите на медитацијата. Истражувањата покажуваат дека само две кратки серии на тивка медитација дневно можат да го ослободат телото од стрес и депресија. Најдете удобен агол во мирно место, концентрирајте се на дишењето и почувствувајте како анкциозноста почнува да исчезнува. Наша  најтопла препорака: проверете го овој youtube канал.

Петок: Слушајте ја омилената песна

Потпевнувајќи го текстот од омилената песна, понекогаш прави да се чувстуваме подобро. А и да се подготвиме за викендот кој следи. 🙂 Доколку се наоѓате на јавно место и не сте во можност да танцувате, само тивко потпевнувајте ја омилената песна за да го надминете лошото расположение. Класичната музика е особено корисна доколку ја слушате веднаш пред легнување.

Имајте убав понеделник! А следниот, наместо да го читате блогов, релаксирајте се на некоја плажа… Лето е! 😉

relax liberte-se