GLOBAL CITY BALANCE CHALLENGE 2017 – СКОПЈЕ БАЛАНСИРА!

27 мај 2017 | Градски Парк Скопје

На 27 мај, во Градскиот Парк, Скопје се приклучи на глобалното слеклајн движење иницирано од Gibbon Slacklines. На настанот голем број на млади, деца и родители имаа можност да пробаат да балансираат на слеклајн лента, а со тоа и да земат учество во поставувањето на градскиот рекорд во 10 секундно балансирање на слеклајн! Скопје покажа дека секој може да балнсира на слеклајн и дека слеклајнот е навистина возбудлива и интересна активност, која не познава возрасни граници! За музиката се погрижи Dj Frantic, а Марко Новески направи одлична атмосфера и ги убеди да пробаат да балансираат најмладите и нивните родители. 😀 Тимот на Sport Inn и членовите на Slackline Академијата за време на целиот настан им помагаа и покажуваа на посетителите како лесно да го соврадаат балансирањето, а ни покажаа и по некој напреден трик.

CLIENT

  • Sport Inn

PURPOSE

  • GLOBAL CITY BALANCE CHALLENGE- Balancing on slackline in Skopje City Park