FIBO 2016: It’s on.

Не сме сигурни за вас, но ние пеперутки во стомакот чувствуваме по различни поводи, не само оние, романтичните.

Пеперутки во стомакот чувствуваме на пример, секогаш кога ќе седнеме во авион; секогаш кога неговото силно забрзување ќе направи да “потонеме” во седиштето; секогаш кога авионот ќе се “одлепи” од земја, и низ блага вртоглавица ќе сфатиме дека одиме на некое  ново место, некаде каде што не чека нов свет, нови искуства, нови доживувања.

А овој пат, навистина имаме на што да се радуваме.

Одиме во Келн. Одиме на FIBO. За оние кои не знаат, FIBO е, цитирам „најголемиот и најважниот настан во светот на фитнес индустријата“, a dream come true за секој фитнес и велнес фан.

На неверојатни 130.000м2 изложбен простор, уште поневеројатни 725 изложувачи од над 40 земји. Проценето е дека настанот ќе го посетат околу 138.000 посетители од над 100 земји. И ние меѓу нив.

За FIBO се вели дека е грандиозен настан, вистински спектакл.

А и како да не биде, кога ќе може да се дознае, научи, види, проба, купи, се’ од мал милион области на фитнес, велнес, грижа за здравјето и здрав животен стил.

Со други зборови: кога станува збор за фитнес и велнес, што и да барате – ќе го најдете на FIBO 🙂

И тоа не било кои, на FIBO изложуваат најдобрите од најдобрите, врвни интернационални учесници кои ги претставуваат последните трендови од сите области на фитнес и велнес индустриите, и се’ што подразбира здрав животен стил. Не само изложувачите, велат дека FIBO го посетува убав свет, убави луѓе со позитивна енергија, а некако и веруваме во тоа – како поинаку би можело да биде кога станува збор за луѓе кои се интересираат за спорт, нега, здравје; кои се грижат за себе, својата физичка и психичка благосостојба.

Возбудени? Ние да. 🙂 Ветуваме дека ќе ве понесеме со нас на овој четиридневен спектакл, и дека ќе се обидеме да ви пренесеме најмногу што можеме од атмосферата таму и од се она што ќе може да се види на FIBO 2016. Уште поважно, ветуваме дека ќе се обидеме да направиме нешто светско и кај нас и дека ќе се обидиме да се доближиме најмногу што можеме до светските трендови, овој септевмри на Health, Fitness & Wellness Expo 2016.

Stay tuned.
Утре е прв ден на FIBO.

IMG_1124

IMG_1125