Gibbon Slackfit Challenge

ноември-декември 2017 | Sport Inn

Sport Inn центарот се првите кои ја воведоа забавната и адреналинска дисциплина – slackline – во Македонија, со станувањето на единствен официјален дистрибутер за германскиот бренд Gibbon. Покрај класичната slackline дисциплина, Gibbon нуди и фитнес програма – Slackfit, за која организиравме двомесечен предизвик, за група од 40 млади и енергични ентузијасти за спорт, здраво тело и здрави навики. Поделени во 10 тимови, учесниците имаа задача редовно да ги посетуваат slackfit тренинзите, да си постават ПРЕДновогодишни одлуки и да ги следат насоките од тренерите, но и да бидат активни на социјалните мрежи. По два месеци вежбање и дружење, победничките тимови освоија вредни награди, а ние создадовме група на млади slackfit ентузијасти, кои го ширеа позитивниот збор за оваа нова дисциплина.

CLIENT

  • Sport Inn

PURPOSE

  • Organizing Slackfit Challenge