Вкусот на Скопје

18-19 мај 2019 | Градски Парк - Школка

За прв пат кај нас – фестивал на улична храна, насловен како „Вкусот на Скопје“. Вкусот на Скопје ќе биде фестивал на уличната храна кој ќе се одржи на 18-19 мај во Градскиот Парк – Школка.

Дводневен настан на кој посетителите ќе бидат понесени од целосен гастрономски хедонизам. Овој мај, Градскиот парк на Скопје ќе биде местото на кое најдобрите локални ресторани, угостители и сендвичари ќе ги постават своите штандови со храна.

Настанот е креиран за сите љубители на street food, за друштвените, љубопитни и позитивни индивидуи. За време на креирањето размислувавме и на оние најмалечките, идните гурмани, па во програмскиот дел отстапивме место и на готвачи кои ќе презентираат подготовки на детска храна.  Вистинско уживање за сите генерации!

САБОТА | 18.05.19

11.00  Ѕирнете во кујната на Donut Bar и откријте како се спремаат најубавите крофни во градот | Donut Bar Skopje

12:00 – Интерактивна вкусна работилница | Nu House & Friends
13:00  Дегустирајте го “Вкусот на Скопје” преку магијата на “Cooking with Branko” | Cooking with Branko
14:00  Бонита – вкус на среќата | Bonita Vita
15:00  Букети што се јадат | Букет среќа
16:00  Готвиме и учиме со Сè за храна | sezahrana.mk
17:00  Цезар салата од друг агол | Готвиме со Теа
18:00  Turn the park into a dancefloor!

 

НЕДЕЛА | 19.05.19

11:00  Органски путер од лешник | Zaum Organic
12.00  Свежо цедено | Squeeze me
13:00  Презентација и дегустација на “Леска” крем-намази и путер од лешник | Пеце Клечкароски
14:00  Гастрономска култура инспирирана од традицијата | Slow Food Vodno
15:00  Тазе, Филмскиот вкус на пуканките! | Тазе пуканки
16:00  Македонската кујна некогаш и сега | Нутриционист Консалтинг – Советувалиште за здрава храна и исхрана