После Часови ’19

На самиот почеток на новата учебна година по вторпат ќе се одржи После Часови – саем за воннаставни активности и програми за деца и млади.

На 14-ти и 15-ти септември Градскиот Парк- Школка, ќе биде исполнет со детски џагор, насмевки и возбудени лица на настанот кој опфаќа голем број на области – од уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити итн..

Настанот цели да им олесни на сите млади родители да се информираат од прва рака за голем број на активности и  програми кои се нудат кај нас, а низ директно доживување и искуство да им доближи на сите деца што точно значи секоја област, да ги погледнат во живо реквизитите за спорт, танц, да пробаат демонстрација од секоја област и да покажат во која област, активност и/или програма гаат најголеми афинитети и интерес!