ЧЕТВРТОК

22/ 03/ ’18

15:00 | Креативна работилница за плетење | Miss Margarida

За време на оваа работилница учесниците ќе имаат можност да се запознаат со повеќе различни техники на плетење, како и изработувањето на финеси и детали, како цветови и други слични апликации.
Miss Margarida студио плетара изработува уникатни парчиња облека употребувајќи високо квалитетни материјали како волна, лен, лемсвил, свила итн.
На пазарот постои седум години, а располага со машински и рачно плетење. Во исто време континуирано врши обуки за истите.
Освен во Македонија, парчињата на Miss Margarida се затапени на пазарите во Данска, Холандија и Обединетите Арапски Емирати.

16:00 | Ебру техника | Аб & б Еко аксесоари

Ебру е турска традиционална уметност. Самата техника е посебна бидејќи се црта на вода со специјални бои кои се отсликуваат на предметот кој е наменет за сликање.
Ебру уметноста дозволува уметникот да создаде широк спектар на слики, насликани само еднаш. Оваа техника може да се применува на хартија, свила, дрво.
Од самиот почеток па до денес најчесто се користи за укоричување на книги, а во поново време се уредуваат и внатрешни  ентериери.

17:00 | Shapes of Imagination: Painting Workshop | Training Center Eva

Ликовно беснеење, работилница за апстрактна уметност и сликање со акрилни бои на платно на Школата за цртање, сликање и дизајн од Центар за обука ЕВА. Ќе и’ дадеме збор на имагинацијата, ќе ја разуздаме креативноста и ќе го испочитуваме следниов парадокс –ќе научиме неколку принципи на кршење на природните закони на боја, текстура, форма и простор. Сликарските платна, бои, четки и др. ги имаме ние, вие само понесе ја својата слобода. Слободни сте, слободно дојдете ни’ на 22.3 од 17:00 часот во Creative Hall. Сите присутни добиваат и ваучер со 20% попуст на Школата за уметност во ЕВА.
Пријави се тука.

18:30 | Handmade bags & accessories | YANK

YANK – Spring collection ‘18
Запознајте се одблиску со YANK, бренд за рачно изработени чанти и модни додатоци. Погледнете ја новата пролеттна колекција и промотивното видео во соработка со модната блогерка Majestic.
На оваа презентација ќе имате можност да составите уникатна чанта по ваш избор која најдобро ќе го дополни вашиот стил.
За секој посетител подготвивме изненадување!
YANK е бренд кој дизајнира и рачно изработува уникатни чанти и модни додатоци инспирирани од секојдневните модни трендови и сопствените идеи . Како млад бренд кој што постои една година, успеавме да допреме до љубителите на рачни изработки кои што сакаат да бидат препознатливи и уникатни со нашите чанти и додатоци.
Дополнете го вашиот стил и бидете единствени со “custom made” чанта изработена со љубов и внимание специјално за вас.
YANK • Completes your style.

19:30 | Патот до уникатен производ од филигран | Нина Цекиќ и Елена Поповска

Cekic Filigran е приказна за тоа како една љубов кон сопственото хоби може да прерасне во идеја за нов бренд на сребрен накит и аксесоари создадени рачно со техника филигран. Емоциите, природата, секојдневието и секако македонската традиција се едни од мотивите при секоја изработка на секое парче кое е еден и единствен уникат со своја приказна. Од друга страна, идејата за создавање на овој бренд се заснова и на подигањето на свеста кај луѓето за значењето на филигранот и секако промовирање на оваа позната техника и нејзино создавање.

 


ПЕТОК

23/ 03/ ’18

15:00 | Градина на кактуси | Cactus Garden

За време на оваа работилница ќе погледнеме во градината на кактусите и ќе споделиме неколку совети како можете да внесете свежина и расположение во вашиот дом.
Поради неверојатната разновидност на големините и облиците, како и поради боите и градбите, кактусите и другите сукуленти нудат спектакуларна глетка. Нивните облици варираат од симетрични розети, до дебелите топчести кактуси и нажлебените столбови на некои богато разгранети пустински видови. Многу од нив само кратко цветаат, а други цветаат подолго и изобилуваат со богатство од префинети соцветија.
Нивната убавина доаѓа со разновидноста и лесниот начин на одгледување. Мини кактусите може да ги комбинирате со одредени камења или други детали и да создадете креативна мини градина во вашиот дом.
Кактусите се одлични растенија за секоја сезона. Со малку нега тие ќе внесат разиграност во вашиот дом, а одлични се и за подарок.
Освен кактуси, во нашата урбана градина може да пронајдете алое и  останати сукуленти, кои се исто толку убави и долготрајни како и кактусите.
Посетете ја оваа работилница и дознајте повеќе за креативните аранжмани, изработени со огромна љубов и посветеност.
Пријавете се тука.

 

 


16:00 | Декорација на абажури (горен дел од светилка) | Just Because.

Опис на работилницата:
– Употреба и апликација на различни техники на декорација на абажури.
– На работилницата ќе биде претставено како да се добие нов изглед на абажурот преку цртање, сликање, везење и други слични интересни начини со цел да си направите нова лампа за вашиот дом.
– Учесниците на настанот ќе имаат можност сами да ги пробаат презентираните техники и материјали и да се информираат за начинот како да ги набават истите.
Повеќе за Just Because.
Нина Симовска е основач и сопственик на концептуалнто уметничко студио “Just Because.” Таа позади себе има 4 самостојни изложби и учество на настани од различен карактер како модни ревии, мултимедијални проекти, недели на дизајн и групни изложби надвор од Македонија.
Студиото веќе активно постои 6 години и се занимава со производство на уметнички дела меѓу кои слики, илустрации, мурали и декорација на предмети за домот каде овојпат со задоволство ќе биде презентиран делот на декорација на абажури (горен дел од светилка).

17:00 | Fashion Mood board – работилница за деца со Ина Михајлова (@inchey_)

За кого? – Учесници : Деца од 9-14 години
Пријавување: Пријави се тука.
Ментор: Ина Михајлова
Што е MOODBOARD?
MOODBOARD е комбинација на слики, фонтови, бои и текстури кои го дефинираат стилот на проектот. Тоа е алатка преку која креативците визуелно ја претаставуваат идеата. Тие доаѓаат во многу форми. Moodboad се среќава во модната индустрија, филм, фотографија, брендинг, веб дизајн, архитектура итн. И сите имаат различен начин на поставување на графиката.
Moodboad-от може да биде инспирација од сезона, култура, место или останати работи за кои сакаме да истражуваме.