Back to school healthy lunch ideas

Back-to-School-Lunch-Ideas1

Наместо да размислувате колку брзо помина летото, септември гледајте го како идеална можност да почнете поздраво да се храните. Беше што беше, си дозволивме што си дозволивме, но време е да се вратиме во ред, а секој нов почеток е совршен за создавање на нови навики.

Не е важно каде го поминувате денот, ако сте ја доживеале рутината – работа/факултет/училиште, сигурно во некој момент ви се смачило од ресторанот (или сендвичарата! 🙁 ) во близина или истите броеви за нарачка по телефон.

Без разлика дали е Back to School или Back to Work, топло препорачуваме да присвоите една здрава навика – пред да излезете од дома да понесете со себе здрав оброк. Ако успеете ова да го претворите во секојдневие, сигурни сме дека самите ќе ја почувствувате разликата – сигурни сме дека подобро ќе се чувствувате, ќе имате зголемена енергија, ќе бидете помалку нервозни. Да не почнеме за долгорочните придобивки врз здравјето.

За да ви помогнеме да почнете, еве ги нашите фаворити кога станува збор за здрав ручек „за носење“.

  1. Лесен туна сендвич на црн леб

Едноставно и брзо за припремање. За да биде поинтересно, зачинете го со анасон и сок од лимон. Додадете гарнир од пасиран грашок и свежа краставичка.

  1. Салата од јајце

И повеќе од тоа. 🙂 Овој рецепт е целосен ручек. Во пластична кутија, ставете една – две лажици од јајце салата врз „чиниче“ направено од листови зелена салата. Во посебна кутија, спакувајте неколку парченца црн леб и свеж зеленчук за гарнир. Ако сакате и десерт, помешајте исецкана банана со боровинки и слатка павлака (ова ќе ја спречи бананата да потемни). Доста комплетно, нели?

  1. Гранола со јаболко и цимет

Знаевте ли дека не мора само да купувате гранола барови? Можете да направите и ваши! Овесот е фантастичен кога станува збор за намалување на холестеролот, а јадките кои ќе ги изберете обезбедуваат здрави маснотии за организмот. Гранолата сама по себе е ужина со ниско ниво на масти, а богата со растителни влакна. Откако ќе научите да ја правите, може и да експериментирате со различни рецепти. Почнете тука.

  1. Врап со мисирка, пченка и сушен домат

Одиме на нешто понапредно. Што велите да го замениме сендвичот со врап? Наполнете го со зрна од свежа пченка, сушен домат, зелена салата и месо од мисирка. Додадете исецкана фета или Чедар за побогат вкус. Опционално, понесете и стапчиња од морков, пиперка, или друг крцкав зеленчук, плус омилениот кремаст прелив.

  1. Сутлијаш со малина

Не го заборавајте десертот! Предлагаме нешто со што пораснавме како деца (барем ние) – сутлијаш. Време е да го унапредиме. Освен цимет, додадете лимон, а прелијте го со компот од малини и смоква. Добредојдени сте. 🙂

65_453x276