Top 3 pre-workout snacks

Сите сме биле таму – распоредот е толку густ што ручекот доаѓа на последно место. Знаеш дека ако не јадеш сега, ќе дојде време за тренинг, а на тренинг гладен не се оди. А не се оди ни со полн стомак. И сега што?

Некој ќе жртвува уште еден тренинг (како резултат на прејадување, паднат притисок… и „легитимно“ оправдување), а некој малку поупорен ќе се обиде во рамки на своето знаење и можности, да направи најдобар избор и да се засити со храна која ќе направи најмалку „штета“.

За овие вторите, ова се нашите топ три предлози за храна која ќе ви помогне да го подготвите телото за претстојниот тренинг.

  1. Банана –лесно сварлив јаглехидрат (т.н. гориво за организмот), полн со калиум кој помага при одржување на мускулната и нервната функција. Имајте предвид дека организмот не може да складира калиум многу долго, па затоа една банана со средна големина пред тренинг ќе го одржува нутритивното ниво на организмот на високо ниво за време на тренингот. Мануел Вилакорта, автор на книгата “Јадете слободно и супер храна од Перу” (Manuel Villacorta, R.D., “Eating Free and Peruvian Power Foods”) бананите особено ги препорачува наутро. “Станете и изедете една банана со пола шоља јогурт. Почекајте околу 30 минути и тогаш одете во теретаната. Вашето тело ќе ви биде благодарно за јаглехидратите и протеините.”
  2. Овесни снегулки – Полни со влакна, што практично значи дека постепено испуштаат јаглехидрати во вашиот крвоток, со што ја одржуваат вашата енергија на константно ниво за време на тренингот. Исто така, овсните снегулки содржат многу витамин Б што помага при конвертирање на јаглехидратите во енергија. Помогнете му на телото со една здела овесни снегулки најмалку 30 минути пред тренинг.
  3. Овошје и јогурт – Овошјето е богато со јаглехидрати, а млечниот јогуртот со протеини. “Луѓето се обидуваат да ја избегнуваат храната со високо ниво на јаглехидрати”, вели Вилакорта “но протеинот не се разложува така брзо во телото за да стане гориво за организмот. Затоа, оваа комбинација на овошје и јогурт е идеална ужинка за пред тренинг. Јаглехидратите од овошјето се разложуваат брзо, а протеинот се користи подоцна за да се спречи оштетување на мускулите.”

Не бројте калории и не бегајте залудно од јаглехидрати. Храната која ја внесувате пред да започнете со вежбање е гориво за организмот и оди во прилог на вложениот труд и очекуваните резултати. Ако правилно го снабдите организмот со храна, тренингот е понапорен, но и поквалитетен.

jogurt i jagodi