FIBO Day 1: Alice in Wonderland

Ок, се подготвувавме и психички и физички за доживувањето наречено FIBO, но навистина мислам дека ништо не можеше да не’ подготви соодветно за се’ она што не’ очекуваше како посетители на овој настан.
За нешто повеќе од 6 часа успеавме да погледнеме “само” 5 ипол хали, а колку активности, дисциплини, производи и препарати, опрема итн. се тоа во превод, во овој момент навистина не би можеле да кажеме.
Нема да ја прецениме ситуацијата ако кажеме дека за настанов се малку и 10 дена, посебно ако навистина ве интересираат најголем дел од работите и ако сакате да ги проследите со внимание.
Вчера го поминавме денот на FIBO Passion а видовме и мал дел од FIBO Expert. Она што дефинтивно може да се заклучи за сите изложувачи е дека сериозно си ја сфатиле работата. 🙂 Очигледна е огромна инвестиција во време и интелектуален напор да се осмисли не само атрактивно уредено катче кое ќе го привлече погледот, но и одлична програма и активност за секој кој ќе застане на нивниот простор.  Лесно можете да поминете и дваесетина минути на секој, но со 725 изложувачи да се видат, и барем 6 сцени и една цела хала за групни тренинзи (колку што можевме да изброиме вчера), што побрзо да се види?
Секој перформанс на секоја сцена е сам по себе мини live show. Беспрекорно организирана и изведена програма, внимателно одбрано светло, музика, впечатливи сцени (и многу, многу видео бимови:) ) Секој настап со сериозно разработена кореографија и барем десетина (згодни и убави) луѓе на сцена, низ заразен ентузијазам, самодоверба, насмевка и позитивна енергија која зрачи ја анимираа публиката.
Трендовите во индустријата се чувствуваат и може да се забележат (дури и од аматерско око како нашето), но за тоа по тоа, за поминување имаме уште пет хали пред да можеме да донесуваме заклучоци.
Ни помалку ни повеќе, јаготка на шлагот е одличната (invites only) вечера и забава на која бевме поканети од нашиот домаќин и еден од најсериозните изложувачи на саемот, Technogym. Прекрасни луѓе, вкусна храна, бенд и ДЈ во живо. А што повеќе ви треба? 🙂
…кога ќе видиш вака, овие посериозниве брендови, навистина знаат како да се позиционираат… 😉

FIBO Day 1