Со гордост можеме да објавиме дека специјален гостин на отварањето на Health, Fitness & Wellness Expo на 25.09.2015 ќе биде

Milan Strongman Jovanovic

19327_05-milan-jovanovic-strongmen-foto-zoran-loncarevic_af

Роден Нишлија, Милан е ретко интересен лик со светски успеси.

Поранешен WPA (World Powerlifting Alliance) и GPC (Global Powerlifting Committee) светски шампион во powerlifting и strongman натпреварувач. Деветтократен национален шампион на Србија во powerlifting и две интернационални титули и тоа светски шампион на 2000 WPA во Ланкастер, Пенсилванија, и светски шампион на 2003 WPC во Виена, Австрија.

Прв пат се натпреварува како Strongman во 2003-та во неговиот роден град, Ниш, Србија. Огромен успех на интернационално ниво постигнува во 2005-та кога освојува петто место на United Strongman Series Competition. По повреда во 2006-та, храбро се враќа на сцената во 2010-та и тоа со освојување на златна медаља на GPC светското првенство во powerlifting во Прага во RAW категорија, без опрема.

Малку познат факт за Милан е дека е и магистар по електроника. Милан е и колумнист за српски Курир, а неговиот блог на B92 е еден од најчитаните во Србија. Еден од највлијателните Твитерџии во Србија, со 16.300 следбеници, освен што и самиот е јавен лик, бира и друштво на јавни лица 🙂 По повредата во 2006-та, работи и како телохранител во Мајами, Флорида, на неколку холивудски ѕвезди меѓу кои Мики Рурк. Се појавува и во неколку филмови, како „Парада“, „Сестре“ и „Монтевидео, видимо се!“.

Милан живее во Мајами и е професионален тренер за развој на сила преку најсовремени методи на насочување на клиентите околу исхрана и суплементација. Според него, тајната на спортскиот успех се крие во вистинската комбинација на три работи: паметна работа, доволно одмор и сон, и правилна исхрана со комплетна суплементација.

Освен во спортски контекст, повеќе за него ќе дознаете од одличното интервју за Пулс, или од супер-забавното видео „Strongman prkosi obicno“ за Charger Energy Bar.

Можете да го следите на неговиот блог, или твитер профил… или да не посетите на HFW Expo на 25.07.2015 во Александар Палас, и да го видите во живо човекот со титула – најсилен човек на светот!

18301_milan-jovanovic01-blicpuls-goran-srdanov_af

 

Foto: Zoran Lončarević, Goran Srdanov, Dalibor Danilović za Puls Olnine.