08.03.2017

Под мотото #воншаблон, за вечните етузијасти за нови и несекојдневни нешта, оваа година решивме да ви понудиме содржина, која нималку нема да ве остави рамнодушни! Секоја работилница и презентација имаат за цел да ве поместата ментално и физички од точката на секојдневието, неутралноста и обичното.

Покрај големиот број на исклучителни изложувачи, оваа година програмата е значително збогатена и структуирана во три теми – ДИЗАЈН, МОДА И ПАТУВАЊА, распоредена во шест различни катчиња низ фоајето на МОБ.

На главната сцена, посетителите ќе имаат прилика да учествуваат и во бројни презентации и да дознаат мноштво нови информации од најразлични области, вклучувајќи работилници за архитектура, дизајн на мебел, рачно изработен накит, модно блогирање, модни аксесоари, кристали и камења, патувања, вински туризам, промоција на книга…

Вечерниот период, истата оваа сцена ќе изобилува со разновидни настапи од забавен тип: одлични бендови и музика во живо, ултра ретки и провокативни модни ревии, пијано концерт и невообичаен моден перформанс, па се до дегустации на вино и жестоки пијалоци.

Food Corner-от пак во текот на сите три дена ќе нуди бесплатна дегустација на морска храна од 17:15 часот (до истрошување на количините).

F&L Café, Creative Hall (гардероберот), Beauty Bar и Gallery се дел од новитетите на овогодинешното издание.

F&L Café е местото каде од 15 до 19 часот ќе можете да уживате во добро кафе, да прочитате и освоите одлична книга, да уживате во вкусно, рачно изработено чоколадо, да ги дознаете благодетите од чистата филтрирана вода и тајната во приготвувањето на природните чаеви. Како изненадување ви најавуваме промоција и потпишување на книга со најпродаваниот македонски автор и шоумен.

Creative Hall е резервиран за интерактивни, креативни работилници, каде ќе можете да декорирате со декупаж техника и да креирате уникатни предмети и накит, да ја играте првата македонска друштвена игра, обичната, клот маичка да ја претворите во уникатна!, да погледнете модна фотосесија, да откриете супер-кул алатка за вешто да го организирате и планирате времето, да ги откриете можностите со иновативните модуларни велосипеди, да ги

 

дознаете од прва рака тајните на природата и органската козметика и да влезете за момент во светот на астрономијата. Очекувајте го отворањето на пријавите за учество, бидејќи ова е навистина ретка можност за бесплатно учество и лична комуникација со наши докажани креативци.

Beauty Bar е катчето кое несомнено ќе му го одземе вниманието на понежниот пол. Трите дена посетителите ќе имаат можност да ги дознаат најновите трендови, техники и триковите при шминкањето, но исто така, и во живо да ги проследат hair & make up подотовките за ревиите на 29ти и 30ти март.

Fashion & Lifestyle Expo во поддршка на талентираните фотографи, уметници, дизајнери и скулптори овој пат ќе ја отвори галеријата во МОБ, која ќе биде пренаменета во изложбен простор отворен за сите посетители.

Целосната порграма, изведувачите и саатниците можете да ги погледнете тука.

Следете ги фан страната и настанот на Facebook за да бидете во тек со сите информации околу предавачите, работилниците и како да се пријавите и да го резервирате вашето место за истите.

 

Одиме #воншаблон!

*****

28.02.2017

Второ издание на Fashion & Lifestyle Expo!

 

И овој март, од 29ти до 31ви, во Македонската опера и балет, подгответе се за пролетно будење на сите сетила со богатата, инспиративна содржина која ќе ви ја понуди второто издание на Fashion & Lifestyle Expo.

Од уникатен дизајн на накит, мебел, ентериер и мода, егзотични и авантуристички патувања, литература, музика, уметност, архитектура, фотографија, шминка, па се’ до вкусна храна, квалитетни пијалоци, слатки и добро кафе и сето тоа сместено во безвременската елеганција и софистицираност на фојаето на Македонската опера и балет, Fashion & Lifestyle Expo е настанот на кој се вкрстуваат сите овие области и елементи, со кои секојдневно го градиме нашиот животен стил.

Второто издание на  Fashion & Lifestyle Expo, под мотото #воншаблон, ветува тридневно бегство од секојдневието и рутината и ве предизвикува да излезете од комфорната зона за да ги активирате сите сетила, уживајќи во збогатена и освежена содржина – како во изложувачкиот, така и во програмскиот дел.

Освен во бројните анимирани изложбени простори, посетителите ќе можат активно да се вклучат и во многуте креативни презентации и работилници. Оваа година програмата на настанот е распоредена во неколку катчиња низ фоајето на МОБ – главен – EXPO дел, F&L café, Food corner, Creative hall (гардероберот), Beauty Bar и Галерија во која ќе бидат изложени модни креации, уметнички дела од млади уметници, фотографии и сл., па така, секој посетител ќе може да пронајде активност која ќе го интересира и инспирира да оствари вистинска креативна конекција.

Вечерните часови и оваа година се резервирани за исклучителна забава со музички настапи на актуелни бендови, пијано концерт, модни ревии и уметнички перформанси, дегустација на вкусна храна, квалитетно вино и одлични коктели.

Изложувачите на овој #воншаблон настан се објавени овде, а наскоро ќе биде објавена и деталната програма.

За повеќе информации околу предавачите, работилниците и како да се пријавите и да го резервирате вашето место за истите, следете ја фан страната на Facebook.

 

Се гледаме на F&L Expo 2017, од 29ти  до 31ви март во МОБ, да го предизвикаме секојдневното и обичното. Одиме #воншаблон!

*****

02.09.2015

Како помина најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил?HFW-expo-logo

Минатиот викенд во Скопје се одржа Health, Fitness & Wellness Expo, во организација на Моментум Инк. Настанот беше планиран и имплементиран во одговор на се поголемиот тренд на водење здрав животен стил, со цел поттикнување и промовирање здрави навики, а привлече околу 2.600 посетители во период од три дена.

Организирана беше богата програма на два интерактивни подиуми односно 30 активности и презентации на различни теми.

На настанот изложуваа дури четриесет изложувачи, што кажува за сериозен и квалитетен настан со богата понуда за посетителите. Дополнително, уште десет центри беа вклучени во програмата со свој настап.

Во склоп на настанот успешно беа организирани повеќе натпревари во кои учествуваа голем број посетители, а најдобрите си добија и вредни награди.

По успешната организација, од Моментум најавуваат дека настанот ќе продолжи да се одржува секоја година, а следното издание да го очекуваме во 2016-та.

Како изгледаше се што се случуваше минатиот викенд, погледнете низ Facebook албумите, или на видеото објавено на Facebook.

*****

14.09.2015

Едвај чекаме да дојде 25.09.2015!

Конечно, на едно место сите информации кои сакаме да ги знаеме за здравјето, одржување на добра, фит форма и кондиција и нега и грижа за своето тело и дух.

Објавени се изложувачите и програмата на Health, Fitness & Wellness Expo!

За да ја погледнете целата програма, клик тука.

За да ги видите сите изложувачи, клик тука.

За некои од натпреварите, потребно е да го пријавите вашето учество, објаснувања овде.
Целата програма е отворена за сите посетители. Дојдете и информирајте се за здравиот начин на живот!

*****

12.09.2015

На 12.09.2015 официјално се објавени сите изложувачи и учесници на HFW Expo!

Секој изложувач на HFW Expo ќе има свој интерактивен простор кој ќе може да го посетите и да се информирате, да учествувате во демо тренинзи и третмани, дегустации, натпревари, предизвици, но и да освоите бројни попусти, купони, ваучери! Консултирајте се директно и од прва рака за сите новитети и последни техники и технологии кога станува збор за поздраво живеење и грижа за себе. Она за што се потрудија изложувачите е секој од нив да понуди своја забавна и интерактивна програма на својот простор. Повеќе детали за изложувачите, тука.

Настанот ќе има и два интерактивни подиуми, на кои паралелно ќе се одвива богата програма во текот на трите дена. Едниот подиум е наменет исклучиво за отворени тренинзи, во кој посетителите ќе може да се вклучат и да вежбаат, а на другиот стејџ пак, ќе се одвиваат најразлични демонстрации и перформанси, фитнес предизвици, подготвување на здрава храна, часови и демонстрација на вежби и различни дисциплини. Следете ја FB Fun страната, следната недела ќе биде објавена официјалната програма и пријавување за натпреварите! Повеќе детали за сите кои настапуваат, тука.

Огромна благодарност и до сите наши пријатели кои ни помагаат во споделување на вестта за HFW Expo! Заеднички веруваме во здрав живот и животен стил, а со овој настан правиме РЕВОЛУЦИЈА во начинот на информирање, тестирање, дегустирање, живеење! Повеќе за нашите медиумски партнери, тука.

Бидете во тек, официјалнта програма на настанот ќе ја објавиме на 14.09.2015!

*****

09.09.2015, Скопје, Македонија

На 25 – 27.09.2015, ќе се одржи Health, Fitness & Wellness Expo – најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил!

Ова е THE Event за секој оној кој сака да се информира како, колку и со што треба да се храни, да вежба и тренира, конзумира, користи, да се негува.

На едно место ќе презентираат дури 50 учесници стручни во своите области – фитнес, аеробик и спортски центри, продавници за здрава храна, џус барови, природни додатоци на исхраната, спортски и медицински помагала и опрема, како и најпознатите салони за нега и козметика, масажа, спа, сауна, рехабилитација, и тн. Секој изложувач ќе има свој интерактивен простор кој ќе може да го посетите и да се информирате, да учествувате во демо тренинзи и третмани, дегустации, натпревари, предизвици, но и да освоите бројни попусти, купони, ваучери! Слушнете ги директно и од прва рака сите новитети и последни техники и технологии кога станува збор за поздраво живеење и грижа за себе! Секој изложувач ќе понуди своја забавна и интерактивна програма на својот простор, а вие ќе можете полесно да одлучите – како сакате да се храните, каде ќе вежбате, каква опрема и помагала ќе користите, кои суплементи ќе ги одберете, и каде сакате да го негувате вашето лице, тело и дух.

Наскоро ќе бидат објавени и изложувачите на HFW Expo, следете ја FB фан страната на www.facebook.com/hfwexpo за да ги дознаете!!

Настанот ќе понуди тридневна, целодневна програма со забавни и едукативни натпревари, предизвици, демонстрации, дегустации и отворени тренинзи, на два интерактивни подиума. Секој посетител активно може да се вклучи и да учествува во програмата! Следете не, наскоро ќе бидат објавени сите учесници и главната програма на HFW Expo.

Health, Fitness & Wellness Expo е спонзориран од Sport Inn центар, единствен официјален Spinning® центар во Македонија.

Настанот ќе го отвори специјален гостин – Милан Strongman Јовановиќ, на 25.09.2015 во 17:30 часот! Повеќе за него, прочитајте овде.

Prva-cista-verzija-crno-na-belo-pomala