HFW-expo-logo

IS PROUDLY SPONSORED BY…Спорт-Инн

Секогаш е добро кога ќе наидеш на истомисленици кои се трудат со своето работење да направат едно подобро и посреќно секојдевие.
Она што нè поврзува, е постојаното инсистирање за беспрекорно работење и квалитет без компромиси, како и искрената желба за здрав животен стил кој не прави посреќни.

Со заедничка желба да промовираме повисок квалитет на живот, достапен за секого, со гордост можеме да објавиме дека Health, Fitness & Wellness Expo 2015 е спонзориран од Sport Inn Center.

About Sport Inn

Нашето место е вашиот центар. Вашиот центар е основата од која ќе ја изградите посакуваната форма и физичка подготвеност. Љубовта, посветеноста, и сите ваши насмевки се основата на нашето место.

Се гордееме со услугата која ја нудиме а таа започнува од моментот кога ќе стапнете во Спорт Инн и никогаш не завршува со вашиот дневен тренинг.

NO BULLS#!T во Спорт Инн: немаме потреба да лажеме, ниту пак сакаме, не си ги сликаме задниците и нема да ви кажеме: ”Лæле маче/срце/женска/братче, топ си, ако направите склек.” Ама па ако направите, PдоHS, уау.

Не сме најгласни на улица ниту пак во кафана, можеме да постигнеме многу повеќе со многу помалку.

Сакаме луѓе што не ги импресионира преКардашијан. Сакаме луѓе што сакаат животни, да и вас со аквариумите. Сакаме луѓе што ја сакаат својата приватност. Сакаме луѓе што сакаат да се потрудат.

Се пронајдовте некаде, лæле мачиња, сакаме да се опкружуваме со вакви луѓе, до десет во група, да не претеруваме. Бујрум ве чекаме.