Направете сценарио

На настанот ќе се презентираат голем број PlotTwistразлични дејности и активностите значајно ќе варираат. Ова е измислено сценарио со цел да се покаже како едно сценарио треба да изгледа, а активноста може и не мора да вклучува апарати или справи. Може да се однесува на одреден тест на хартија, натпревар и било која друга активност која изложувачот ќе ја замисли.

Да замислиме сценарио за демонстација или тестирање со помош на апарат или справи.

Како што луѓето поминуваат покрај вашиот простор, звукот и графиката на апаратот ќе предизвикаат да застанат и погледаат. Вашиот асистент ќе пријде кон нив и ќе погледне кон апаратот со коментар „Интересно нели? Ме интересира како ќе изгледа вашиот резултат.“ Посетителот вообичаено ќе праша колку чини, и тука велите „Бесплатно е!“. Продолжете со објаснување на проблемот кој може да го решите: „Толку многу луѓе се постојано уморни и немаат енергија, дојдете и посветете 4 минути и ќе откриеме што ја попречува вашата“. Во овој момент асистентот се врти и придвижува кон тефтерот за закажување…во 95% од случаите, посетителите ќе го следат. Побарајте го нивното име, телефонски број и е-маил. Насочете ги да седнат и дека специјалистот веднаш ќе биде со нив. Кога тестирањето ќе заврши, заблагодарете им се и насочете ги да закажат термин со асистентот за да добијат
целосен преглед/тренинг/третман. Асистентот го закажува терминот и се заблагодарува
на посетителот за времето. Гостинот заминува со лифлет со неговите резултати и картичка за закажан термин!