Користете хартија

Ќе ви бидат потребни три работи:Tefter

  1. Формулар за пријавување: понудете ексклузивна можност за зачленување во вашиот „клуб“ со што ќе добијат (трајна или временски ограничена) придобивка. Кога ќе го добиете нивното име, телефон и е-маил, ќе можете да им испраќате совети и корисни информации. Овој континуиран маркетинг е суштински. Дури ни бесплатните купони не се искористуваат ако се делат масовно и еднонасочно, кон широка публика со која на остварувате никаква конекција. Едноставно не овозможувајте демонстрација/натпревар/дегустација за било кој кој нема да ги понуди овие основни информации.
  2. Поделете документ/лифлет со нивните резултати. Истиот ќе го содржи вашето лого, локација и доколку закажавте повторна средба, датум и време на истата. Пример овде.
  3. Книга за закажани консултации и картички: Користете „старомоден“ тефтер за запишување на нивните имиња и закажување повторна средба. Дури иако подоцна само ќе ги внесете во компјутер, кога посетителот гледа како го запишувате неговото име се создава позитивно засилување и вашиот рејтинг ќе расте. Секако, ќе треба да им дадете и картичка со нивното закажано време и дата!