The hook – Јадица

Одберете активност која нема да ја попречи дискусијата за време на третманот и ќе има висока коверзија во закажани посети/консултации во вашиот објект или ќе направи директна продажба. Потребна е алатка која е МНОГУ ефективна на јавни настани. Истата треба да не одзема премногу време, да побуди интерес и да создаде афинитет за користење на вашиот производ/услуга и во иднина.

Неколку идеи: зададена кратка серија на вежби и едукација за изведеното, тестирање на справи и производи, демонстрации на производи и вежби, дегустација на храна и суплементи, доколку имате повеќе производи – правење на сопствен рецепт – најдобра комбинација од истите, натпревари (најдобар рецепт, најголема издржливост, најинтересна слика од просторот – социјални медиуми), семплинг на козметички препарати за да се почувствува/објасни текстурата, својствата, ефектот (на самиот изложбен простор), демонстрација на третмани со козметички апарати, пред и потоа, и тн.

Размислувајте во насока на ИНТЕРАКТИВНОСТ. Посетителите треба да НАПРАВАТ нешто во вашиот простор, за искуството со вашиот бренд да биде лесно за паметење.

Бидете подготвени:

  1. Поттик – посетителите сакаат да бидат поттикнати да влезат во интеракција со вас и да чувствуваат дека нешто добиле од посетата на вашиот простор. Очекувајте дека и самите ќе прашаат и бидете подготвени со: попусти (за одреден период), ваучери, бесплатни примероци, закажувајте бесплатни консултации, дегустација, натпревари и награди.
  2. Постојано размислувајте во насока што вие може да направите за нив. Влезете во комуникација и прашајте ги. Посетителите на настанот се дојдени за ВАС, и најчесто проблемот кој ќе ви го кажат, можете и да го решите.
  3. Замислете дека најголем дел од посетителите да не го разбираат вашиот производ, и размислувајте на тој начин. На посетителите ќе им биде потребно објаснување (некогаш и поопширно), охрабрување, истакнување на придобивките од она што го нудите.

Za-page-THE-Event