Уредување и декорација

Убаво уредениот простор не мора да е скап. Постојат многу начини да додадете креативна градика и слики кои ќе ги привлеачт посетителите без да ги преоптовари. Прво основно правило е: „Избегнете преоптоварување со информации.“ Сигурно и самите сте посетиле настани кои ве преоптовариле со текст, слики и печатен материјал. Вашиот простор треба да биде доволно едноставен за да се „прими“ во 5 секунди. Колку долго траат 5 секунди? Избројте до 5 додека разгледувате околу вашата канцеларија… траеше долго? Студиите покажуваат дека главните детали се забележуваат за 3 – 7 секунди, па држете се до едноставноста.

Bela-slika-mala
8f9532c5d6c9ed65c92e07e236c2cf9a5707963-vector-blank-roll-up-banner-display-with-trade-show-booth

 

Некои идеи за уредување на вашиот простор:

  • Атрактивно обележување (банер, постер и сл.)
  • Дел каде посетителите ќе можат да седнат за да се информираат, зачленат, купат, причекаат за консултација итн. Делот треба да потсетува на вашиот бренд и да ја оддава енергијата на вашите производи и услуги.
  • Визуелно впечатливи детали: исечоци од картон, кугла за разменување на контакти, дисплеј (телевизор) со презентација, информативни трифолди, балони, паноа со слики итн…
  • Активност: најважниот дел од вашиот изложбен простор е што вашите посетители ќе можат да НАПРАВАТ откако ќе влезат во истиот. На оваа тема посветивме цела секција, а во поглед на просторот, потребно е да го испланирате за да може да ги собере овие елементи – справи и опрема, масажни столици, козметички кревети и апарати, дисплеи за суплементи и тн.
  • Униформирање: секогаш е поатрактивно (и оддава сериозност) кога вашите претставници се униформирани – дали во едноставни брендирани маички или цела опрема – одлуката е ваша. Униформата треба да соодветствува со декорираниот простор и содржината на истиот, односно услугата која ја нудите.

Имајте на ум дека голем дел од посетителите ќе се срамат да пријдат и прашаат за вашите производи и услуги. Користете впечатливо уредување за око, активност која ќе го привлече нивното внимание, и не двоумете се да им пријдете сами!

Za-page-Ureduvanje