THE Rule to Exhibit by

НАЈважното правило кое мора да го запамти секој изложувач:

На луѓето не им е важно што работите, важно им е само што вие можете да НАПРАВИТЕ за нив! Според некои истражувања спроведени во USA, 78% од луѓето би пробале „Било што“ или „Природни алтернативи“ за да се ослободат од болка. Само 17% би пробале „Лекови против болка“ и само 6% одговориле дека би оделе на „Операција“. Размислете кој проблем вашата дејност ЕФЕКТИВНО го решава. Повреди? Прекумерна телесна тежина? Намалена енергија? Болка? Проблеми со кожата? Нарушен внатрешен баланс? Потребно е само да комуницирате со оние 78% на начин на кој можат да го разберат и прифатат.

Останати работи кои треба да ги запамтите:

Вашата дејност не е религија. Сите дејности кои ќе се презентираат на HFW Expo се комплементари и взаемно се надополнуваат. Не е потребно да ги „преобратите“ луѓето за тие да дојдат кај вас. Ставот „ние-против-нив“ секогаш носи послаби резултати. Фокусирајте се на постигнување резултати. Овој пристап ќе биде очигледен во се: како зборувате, практикувате, рекламирате и како ги промовирате вашите услуги.

Навиките тешко се менуваат. На луѓето им е тешко да излезат од зоната на комфорот. Во друга анкета, анкетираните биле запрашани „Што мислите за акупунктурата?“. Само 16% одговориле „Сум пробал и делува“, 34% одговориле „Би можел да пробам некогаш“ и 50% одговориле „Не благодарам“. Резултатите покажуваат дека барем 50% се отворени за идејата. Тогаш зашто само 16% ја пробале? Од истите причини поради кои секогаш го нарачуваме истото кафе/десерт/сладолед. Сме го пробале, и искуството е удобно. Вашата работа е да направите публиката да разбере дека може да им биде удобно со вашите услуги и производи.

Фокус

Откако малку подобро ја разбирате публиката на Health, Fitness & Wellness Expo, следните предлози можат да имаат малку повеќе смисла. На отворен настан, препорачливо е да се фокусирате една до две најчести поплаки кои луѓето ги имаат. Банерите, постерите и целата дискусија треба да биде фокусирана кон решавање на проблемите кои ќе ги одберете. Според Гугл, ова се топ 5 проблеми за кои корисниците пребарувале:

Keyword US Monthly Searches (Millions!!!)
 energy     20,400,000
 pain     13,600,000
 ache      2,240,000
 chronic      1,500,000
 tired      1,000,000

Сега кога ја фокусиравте пораката, пресретнете ја нивната потреба! Кога посетуваат настан за здрав животен стил, луѓето ги бараат истите одговори: Како да имам повеќе енергија? Што ќе ми помогне со болкава? Како да ја подобрам кондицијата? Како да изгледам подобро? Како да се чувствувам подобро? Ф окусирајте се на фактот дека ВИЕ ќе го испорачате резултатот, и закажете консултација.

Гледате ли како овој јазик ќе ја привлече 30-50% од публиката која е љубопитна?