На 22-23.09 ќе се случи четврто издание од настанот Health, Fitness & Wellness Expo во Скопје. Настанот прерасна во најголемиот настан за здрав и активен животен стил со веќе утврдена традиција. Секоја година, програмата на HFW Expo изобилува со демонстрации, дегустации, бесплатни третмани, масажи, консултации со стручни лица итн, а посетителите често си заминуваат со голем број на награди и бесплатни примероци. Областите кои настанот ги опфаќа се: здрава храна и исхрана, фитнес и спорт, суплементи, масажа, спа, козметика, спортски и медицински помагала и многу други. Неговата цел е општествено одговорна – да поттикне, развие и одржи навика за здрав и активен животен стил кај пошироката јавност. Настанот е „вело френдли“ а од оваа година и „еко френдли“ па ќе може да се рециклираат повеќе типови на отпад на истиот… Повеќе информации и детали за настанот очекувајте со самото приближување до датумот на одржување.