И оваа година галеријата во Македонската опера и балет ќе биде претворена во дводневна pop-up галерија, каде ќе бидат изложени:

Модни креации од студентите при Институтот за Мода “IZET CURI”;
Завршни фотографии од Школата за фотографија при Training Center EVA, под менторство на Алекс Јакомовски;
Модели од минатите изданија на Trash Fashion Macedonia;
Изложба на апстракции на Моника Ризовска;

 


Институт за Мода “IZET CURI”

Ова година, покрај изложбата на модните креации на студентите при Институтот за Мода “IZET CURI”, сите студенти и останатите заинтересирани за курсевите во Институтот, ќе можат да дознаат повеќе за летните курсеви за кроење, шиење и моделирање, кои ќе се одржуваат во просториите на институтот од 20ти јуни до 20ти септември, како и за бенефициите при запишувањето на истите.
Контакт за пријавување:
078 391 937
02 3123 999
laura.izetcuri@gmail.com
izetcuriiim@yahoo.com

 

 

 

 

 

 

 

 


Training Center EVA – Школата за фотографија | Ментор: Алекс Јакимовски

Завршна изложба на студентите од Школата за фотографија, при Тренин центарот ЕВА, а под менторство на Алекс Јакимовски.
www.tc-eva.com
078 23 13 23
eva.center@yahoo.com
contact@tc-eva.com

 

 

 

 

 

 

 

 


Trash Fashion Macedonia

Оваа година Trash Fashion Macedonia ќе изложат модели од претходните изданија, со што ќе го најават овогодинешниот натпревар на тема „Мода од иднината“, кој пак е закажан за 5 ти јуни.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

По седми пат оваа година „Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО” организира Trash Fashion Macedonia 2018, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали. Trash Fashion Macedonia 2018 е наменет за сите средни училишта и е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Целта на Trash Fashion Macеdоnia 2018 е да ги поттикне и анимира средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку реупотреба на отпадот. Оваа година училиштата ќе се натпреваруваат на тема „Мода од иднината“.
Trash Fashion Macedonia е единствен настан од ваков вид во Македонија, за кој се заинтересираа и објавија повеќе светски медиуми и портали како: Guardian, World Fashion и Gironalettisimo.
Trash Fashion Macedonia ќе се одржи на 5 јуни 2018 по повод Светскиот ден на животната средина и се најавува како уште едно големо визуелно доживување за сите кои ќе присуствуваат.

Изложба на апстракции на Моника Ризовска

Моника Ризовска е млад уметник кој над две децении е посветена на уметноста. Позади себе има 3 самостојни и над 16 групни и интернационални изложби. Нејзината работа вклучува уметнички дела, слики, илустрации, декорација на предмети за домот кои во комбинација со сликите добиваат интересен и уникатен склоп во секој нов модерен дом. Склона е на изненадувања, па очекуваме интересна изложба.
www.monikarizovska.com