ЧЕТВРТОК

22/ 03/ ’18

16:00 | Hairstyle Tips | Фризерска Секција Скопје

За сите што не се сигурни која фризура или облик најдобро им прилега, како да ги постигнат совршените холивудски локни или пак, прекршените beach-waves, а можеби и да ги разрешите дилемите околу бојадисувањето и шатирањето со најновите светски техники – ова е терминот кој треба да го забележите во вашите календари.
Стучниот тим на Фризерска Секција Скопје ќе им понуди бесплатни совети и фризури на дамите кои ќе бидат дел од третото издание на Fashion & Lifestyle Expo.
Пријави се тука.

 


17:00 | Make Up by Maybeline | AWT

Maybelline New York отсекогаш ги инспирирал жените. Да се изразат. Да се докажат. Да сонуваат големи сонови. Maybelline New York – се работи за тебе!
Maybelline New York ги обединува трендовите од модните писти, како и од градските улици, притоа поттикнувајќи ги жените да се изразат, да истражат нов изглед и да ја покажат сопствената креативност и индивидуалност. Инспириран од силните, самоуверени жени, Maybelline ви дава научно напредни формули, револуционерни текстури и модерни нијанси по достапни цени за да бидете во тренд, но секогаш свои и прекрасни.

 


18:00 | Shapes of you: Make over & start over with EVA

Честопати се воодушевуваме на оние before & after фотографии, каде со само малку козметика и вештите раце на стилистот моделот се трансформира во позитивна смисла.
Токму таква е и оваа презентација на стилистите при Тренинг центарот ЕВА, чија цел е на посетителите да им понудат целосен make over со кој ќе добијат вистинска позитивна трансофрмација.
Пријави се тука.

 


19:00 | Open backstage | JO.AN | Фризерска Секција Скопје

 Шминката и фризурата за ревијата “Чусвства” на JO.AN ќе ја изведува тимот на Фризерска Секција Скопје, на отворена сцена во Beauty Bar, каде посетителите ќе можат во живо да го проследат припремањето на моделите непосредно пред почетокот на модното шоу.

 

 

 


ПЕТОК

23/ 03/ ’18

17:00 | Чекори за правилна нега на кожа со сибирски лековити билки | Natura Siberica

NATURA SIBERICA ( НАТУРА СИБЕРИКА ) – ПОСЕБНА ПОРАДИ СВОЈАТА ПРИРОДА
ПРИРОДНА ОРГАНСКА КОЗМЕТИКА СО СИБИРСКИ АДАПТОГЕНИ БИЛКИ
Natura Siberica е првата компанија која развила уникатна линија на природна козметика на база на рачно набрани диви билки и лековити тревки од студениот Сибир. Таа е специфична поради дивите сибирски адаптогени билки и рецептурите кои се користеле во древната руска традиција. Овие билки имаат способност да се прилагодуваат и така ѝ помагаат на кожата да се адаптира на различни временски услови, но исто така ја ревитализираат и го забавуваат стареењето на кожата.

18:00 | Демонстрација, дегустација и дерматолошки совети со Taiva и Дерма Плус неврокозметика – паметна  козметика за новиот век

TAIVA ги користи најиновативните, научно докажани високо квалитетни состојки и клинички тестирани формулации. Нашите производи се дизајнирани да понудат напредна нега на кожата со примена на најновите достигнувања во областа на науката за кожа и биотехнологијата / дерматологијата – обезбедувајќи најдобри резултати за нашите клиенти.
Традиционалните козметички производи содржат големи молекули кои не можат да навлезат во подлабоките слоеви на кожата, а со тоа влијаат / ги заштитуваат главно најповршинските места на кожата (епителниот слој) од стрес и оштетувања предизвикани од животната средина. TAIVA нуди широка палета на производи кои ги надминуваат границите на традиционалната козметика и се со лесна текстура, брзо апсорбирачки својства и ултра-високи перформанси во најдлабоките слоеви на кожата.
Сите наши производи се без парабени и без силикони и се произведени во ЕУ под лиценца на САД.
Практично ќе ја демострираме предноста и сензорните карактеристики на ТАИВА производите, а Дермаплус ќе Ви овозможи преглед на кожата и ќе даде стручен совет за нејзина нега.
За време на Fashion & Style Expo ќе имате шанса да позборувате со прим. д-р Коста Цветковиќ од дерматолошко-естетска ординација ДермаПлус, кого можете да го консултирате за сите овие теми како и за новитетот кај нас во Македонија, така наречениот PlasmaPen систем со кој лузните, брчките и темниот пигмент на очните капаци и подочниците стануваат минато.
Секој посетител ќе добие примерок од ТАИВА производите и подарок, а за тројца најсреќни подготвивме изненадување.

19:00 | Shapes of attitude: Runway Make Up by Training Center EVA

Стилистите при Тренинг центарот ЕВА ќе бидат задолжени за шминката и фризурата на моделите за модното шоу Spring Breakers на ALSHAR by Silvija Alshar, а постетителите ќе имаат можност во живо да го погледнат целиот процес во Beauty Bar.