ЧЕТВРТОК

22/03/’18

15:00 | Изгради стартап за 90’ | Creative Hub

Панелист: Филип Манојловски, ко-основач на Creative Hub
Секој учесник ќе добие бесплатна книга “Бизнис инсајдер”, совети за градење на компанија. Работилницата ќе опфати светски примери, но и реална анализа на основањето на стартапи во Македонија преку искуството на Creative Hub. За 90 минути учесниците ќе имаат можност да добијат insight information и преку водичот на CH да изработат реален бизнис план.
Пријави се тука.
Теми на работилницата:
  1. Продукт/Услуга (Приказната за Uber);
  2. Анализа на пазар ( SWOT Analysis, Michael Porter 5 Forces);
  3. Стратегија;
  4. Организациска структура и менаџмент;
  5. Маркетинг;
  6. Финансии;
  7. Резиме;

17:00 | Kristal 60: Камин кој може сами да го вградите | ТИМСТ

Целта на оваа презентација е запознавање на клиентите со еден нов начин на вградување на камин. Следејќи ги светски трендови базирани на принципот “направи сам” , Тимст го создаде првиот македонски производ – камин кој можете сами да го вградите. Во соработка со Skamol, најпознатиот европски производител на огноотпорни матерјали за камини, денес системот “вгради сам” е достапен и во Македонија.

 

 


17:30 | Wood it yourself: Urban Modular | МЕЛЕЕМ Скопје


МЕЛЕЕМ Скопје е организација основана во 2013 година која се стреми да идентификува, посочува и реанимира есенцијални јавни простори кои се заборавени од граѓаните или надлежните институции. Нашите активности се базираат на концепт кој дава приеритет на вклученост на заедницата во “процесот на изработка”. Веруваме дека процесот е еднакво, или дури и поважен, од самиот резултат бидејќи овозможува едукација и поврзување на заедницата.

 

Опис:  Истражување и анализа на дрвото како материјал преку споделување на лични размисли и концепти на младите во Скопје.

18:00| Од зрно до капка со Drip Coffee Skopje

Drip Coffee е специјализирана кафетерија во Скопје, основана од двајца професионални баристи со повеќе од 10 години искуство. Работиме со специјални сорти кафе од фамилијата Арабика и ги подготвуваме со повеќе комерцијални методи, како и специјализирани дрип постапки. Ова не е обична кафетерија. Ние креираме кафе-култура и секоја шолја кафе ја послужуваме со приказна за неговото потекло и подготовка, ги обучуваме идните баристи и продаваме кафе во зрна или мелено за соодветна постапка.
Опис на работилницата: Подготовка на кафе по метода на Chemex, филтерски постапки и презентација на разни типови Арабика кафе (Dabov Specialty Coffee)

18:30 | Shape of Light: Photography Workshop with EVA

Зависници сте од фотографија, а постојано ви бегаат моменти што сакате живо да ги замрзнете. Баш поради тоа, основи, подесување на апаратот и најважно, светло на локација, работа со модели и фотографирање настан е во фокусот на оваа работилница за светло.
Научете како она што го гледате да го добиете на фотографија.
Резервирајте го четврток, 22.03, за работилница за фотографија од Центар за обука ЕВА. Сите учесници добиваат ваучер со 30% попуст на 8-неделниот курс за фотографија. Don’t miss it!
  • Напомена: Работилницата е ограничена на 10 учесници. Потребно е претходно пријавување на овој линк.

19:30 | Дизајнирај ги своите уникатни чевли од соништата | Гоца Каникова

 

 

 

 

 


ПЕТОК

23/03/’18

15:00 | Исполни го животот со вредност | Modular

Модулар (модулар.мк) е онлајн креативна заедница и пазар за уметност и дизајн. Уметници, дизајнери, занаетчии, креатори можат да отворат своја продавница-галерија и да го продаваат својот производ како: слики, накит, моден дизајн, скулптура, мебел, осветлување и други креативни авторски дела. Модулар обезбедува креативни категории за ликовни уметнички дела, авторски дизајн производи и дигитални дела. Мисија: Наша цел е оригиналните авторски дела, купувачите лесно да го изберат и купат своето омилено авторско дело и едновремено да ги мотивира креативците и купувачите да го исполнат животот со вредност.
Визијата е самоодржлива онлајн галерија со авторски дела-производ кој ги поттикнува и одржува вредностите на Вистината, Мирот, Љубовта, Правилното однесување и Ненасилството. Овие пет вредности го формираат карактерот на човекот овозможувајќи самореализација во полза на сите битија.

15:30 | Мудроста на планетата Земја… | Македонски рубин – Деко

Македонскиот рубин на Fashion & Lifestyle Expo ’18 започнува нова кампања за создавање на национална колекција на природни кристали од целиот свет.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел и да дознаете повеќе за “мудроста” на планетата Земја.

 

 


16:00 | Beard & Beer | СКОПСКО Smooth & Фризерска Секција Скопје

Одлична прилика за момците кои ја одржуваат или пак, сакаат да започнат да ја одржуваат брадата подолга, да добијат совети и насоки од професионални стилисти за формите кои се во тренд, како и за козметиката која им е потребна за идеална форма и нега.
Пријави се тука.
А за ова дружење да биде уште попримамливо тука е и првото македноско пиво произведено од 100% арома хмељ по најнова технологија на ладна филтрација – СКОПСКО Smooth – питко пиво со свеж и балансиран вкус.

17:00 | LIVE Make up Tutorial | VD Make Up

Васе Доковски – македонскиот make up артист и основач на брендот VD Make Up, чии магични раце имаат вештина да ја истакнат природната убавина на секоја девојка, ќе одржи LIVE туторијал на еден од неговите омилени make up изгледи.
Научете неколку професионални совети, подобрете го Вашето секојдневно шминкање и искористете ја можноста лично да се запознаете со Васе, кој веднаш по презентацијата ќе одвои време за сите Ваши прашања.
Најсреќните 10 девојки ќе имаат можност да добијат ваучер од 30% попуст за шминката на VD Make Up.

 


18:30 | Како се креираат модните трендови во Македонија | Stylist.mk

Оваа година, модниот портал Stylist.mk во соработка со Fashion & Lifestyle Expo и релеванти личности од областа на модата во Македонија, ќе дискутираат на темата “Како се креираат модните трендови во Македонија”
Модератори: Катерина Трајановска и Ана Несторовска, Stylist.mk
Опис: Модни медиуми, блогери, инфлуенсери, трендсетери, стилисти, визажисти, социјални медиуми, дизајнери, критичари, фотографи…кој допринесува во градење на модна естетика, свест и трендови во Македонија? Како се селектира и пласира модата кај нас? Зошто најлошото од трендовите доаѓа во израз? Зошто и покрај глобализацијата преку социјалните мрежи, сè уште сме под влијание на локалниот турбо фолк и кич? Како квалитетната домашна модна сцена да излезе на површина?
#stylistMK – Инстаграм модни моменти
Во рамки на Fashion & Lifestyle Expo ’18, Stylist.mk организира потрага по најинтересните модни моменти. Сите посетители што под хаштазите #stylistMK, #FLExpo и #TER на својот инстраграм профил ќе постираат модна фотографија од настанот во МОБ на 22ри и 23ти март, ќе влезат во конкуренција на изборот за најдобар #stylistMK – моден момент. Најинтересните инстаграм објави ќе бидат претставени во рамки на панел-излагањето на stylist.mk: „Како се креираат модните трендови во Македонија“.
Повеќе за Stylist.mk
Под мотото „Индивидуалноста никогаш не излегува од мода“специјализирaниот сајт за мода, убавина, уметност и животен стил, Stylist.mk кој функционира и како асоцијација, повеќе од четири години информира, едуцира и инспирира на македонската онлајн медиумска сцена. Основан и уредуван од модните новинарки/уреднички со долгогодишно работно искуство Катерина Трајановска и Ана Несторовска,  Stylist.mk се обидува да ги подигне стандардите на нашата сцена за тоа што е квалитетно и модерно, како и да го истакне и поддржи квалитетниот и автентичен дизајнерски и уметнчки израз. Покрај секојдневната објава на новости, извештаи, едиторијали, фотогалерии, интервјуа и рецензии поврзани со македонската и светската модна сцена, Stylist.mk има одржано предавања, дебати и работилници на различни теми од модната сцена, а неколку сезони во рамки на Моден викенд-Скопје ги доделуваа и Stylist.mk Awards за најдобрите.

19:30 | HAIR SHOW | Фризерска Секција Скопје

Врвните професиналци и стилисти од здружението Фризерска Секција Скопје, ексклузивно ќе се претстават со HAIR SHOW, какво што може да се сретне на светските саеми и настани за професионална фризура, опрема и козметика за коса.
Деталите нема да ги откриваме, затоа не пропуштајте го ова шоу, кое нема да Ве остави рамнодушни.