За прв пат кај нас – саем за воннаставни програми и активности за деца и млади, насловен како „После часови“. Настанот опфаќа голем број на области – од уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити итн, а ќе се одржи на 01ви и 02ри септември, со времетраење од 10:00 до 19:00 часот, во СЦ Форца. 

 
Со оглед на почетокот на учебната година, настанот цели да им олесни на сите млади родители кои (во услови на огромна понуда на активности и програми за деца) инаку самостојно би требало да истражуваат, контактираат, посетат и да се информираат за програмите кои се нудат кај нас, нивните специфики, обучувачи, услови, термини, возрасни групи итн… На настанот ќе можат да се информираат од прва рака за повеќе од 50 програми кои се нудат кај нас, и што е најважно – да одберат и на лице место да ги запишат своите најмили на она што ќе одберат по промотивни цени со големи попусти! Секако, настанот цели и низ директно доживување и искуство да им доближи на сите деца што точно значи секоја област, да ги погледнат во живо реквизитите за спорт, танц, итн, да пробаат демонстрација од секоја област, бидеќи ретко кога децата имаат прилика да пробаат СЕ и самите да покажат кон што имаат афинитет, што им се допаѓа и во што се добри. 
Настанот е бесплатен и отворен за посета за широката јавност. 
На следните линкови погледнете ја целосната програма, изложувачи и учесници.

Доколку сакате да се пријавите за учесник на овој настан, контактирајте не на 078 445 028 или пак на овој линк.