На 27 мај, во Градскиот парк, Скопје се приклучи на глобалното слеклајн движење иницирано од Gibbon Slacklines. На настанот голем број на млади, деца и родители имаа можност да пробаат да балансираат на слеклајн лента, а со тоа и да земат учество во поставувањето на градскиот рекорд во 10 секундно балансирање на слеклајн! Скопје покажа дека секој може да балнсира на слеклај и дека селклајнингот е навистина возбудлива и интересна активност, која не познава возрасни граници! За музиката се погрижи Dj Frantic, а Марко Новески направи одлична атмосфера и ги убеди да пробаат да балансираат најмладите и нивните родители. 😀 Тимот на Sport Inn и членовите на Slackline Академијата за време на целиот настан им помагаа и покажуваа на посетителите како лесно да го соврадаат балансирањето, а ни покажаа и по некој напреден трик.

 

 

Global City Balance Challenge 2017 - Скопје балансира!