Gibbon Slackline Academy

Sport Inn и Gibbon Slacklines Macedonia беа виновниците за една голема и возбудлива авантура – Slackline Academy 2017!
Сите активни и неактивни млади авантуристи кои имаа потенцијал, желба, харизма и сакаа забава, тимска работа и напредок беа поканети да учествуваат. Потребната опрема беше обезбедена од страна на Gibbon Slacklines Macedonia и се одржуваа бесплатни тренинзи, а се што требаше да направат сите Slackline фанови е да се изборат за највисокото место во академијата.

Slackline академијата беше единствена можност да се биде дел од првиот до сега Slackline тим на Македонија, а најдобрите имаа можност да продолжат да соработуваат со Sport Inn, да станат заштитно лице на Gibbon Slacklines за Македонија, па дури и да бидат забележани од Gibbon, што ги води до единствената шанса да станат Pro Athlete-и! Најдоброто во академијата беше тоа што учесниците одлучуваа дали ќе има еден, пет или ниту еден победник, со нивната мотивација да издржат до крајот на предизвикот, да напредуваат во поставените нивоа и да се покажат и докажат со новите вештини. Во текот на академијата секој од учесниците имаше можност за сопствена промоција на социјалните мрежи и можност за создавање на своја група поддржувачи, навивачи и публика.

Пријавувањето беше отворено за сите кои што имаа ентузијазам, мотивација и доследност за да се посветат на првата забавна Gibbon Slackline академија.
Се’ започна со квалификациски ден, кој се одржа во Градскиот парк, во кој сите пријавени учесници ги пробаа Gibbon Slackline-ите. Претходно искуство со спортови не беше неопходно!

По квалификацискиот ден следен чекор беа тренинзите кои се одржуваа во Градскиот парк двапати во неделата. Момците И девојките кои станаа дел од Слеклајн Академијата неуморно вежбаа, учеа како да балансираат и совладува нови трикови. Дружбата и забавата беа неизбежни тие два месеци од академијата. Поради напредокот кој го постигнаа и интересот кој го генерираа во јавноста, беа “уловени” од многу медиуми, повеќе за нивните гостувања погледнете тука.