Веднаш по завршувањето на SLACKFIT предизвикот, ја најавивме Првата Slackline Академија во Македонија. Од март 2017та млади и енергични момци и девојки, желни за адреналин и авантура беа дел од Slackline Академијата и неколку пати неделно вежбаа во градскиот парк. Slackline е динамична дициплина, па така овие момци и девојки секојдневно ги привлекуваа вниманието на посетителите во Градскиот Парк во Скопје, а се’ почесто им се приклучуваа и нови членови.