По 2 поминати месеци, преку 60 пријавени, но само 40 селектирани учесници, 15 тренинзи, 7 фотосесии, цела нива брокули и цел кокошарник изедено пилешко, со гордост можеме да ги прогласиме победниците на SLACKFIT предизвикот!


Победниците на овој предизвик беа неизвесни до самиот крај!

Сепак, првото место заслужено му припадна на тимот EAST, со вкупно освоени 5069 поени! Со мала разлика зад нив, второто место го освоија “Златните” – GOLD FUTURE со вкупно 5005 поени, а МАФИНИ успеаа да го задржат третото место со 4738 поени.

EAST во 2017та ќе патуваат во Минхен за да бидат дел од осмото издание на WORLD SLACKLINE MASTERS by GIBBON

GOLD FUTURE ќе можат да продолжат со SLACKFIT програмата во природа со Gibbon Classicline – најбараната Gibbon лента. А секако и да научат по некој трик.

Со МАФИНИ ја продолжуваме дружбата во Sport Inn!


КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТУКА.