ma11kekpdoodnjrbjr-1

download-1 download image-3

Со почетоци уште во 1985 година Златко Неделковски го формира и регистрира во тогашна СФРЈ и првиот Кунг Фу Клуб “Битола” – Битола. Клубот е еден од првите седум клубови кои во 1992 година ја формираат и првата асоцијација за овој вид на боречки спортови и вештини именуван како Кунг Фу Фул Контакт Сојуз на Република Македонија кој до крајот на своето постоење во 90тите години брои дури 25 клубови членки. Во 2005 година Кунг Фу Клубот “Битола” – Битола се ребрендира во Академија за боречки вештни “ЗА НЕД ДО” со што ги исполнува условите на светските организации и станува нивен официјален претставник за Република Македонија.

Во 2010 година Златко Неделковски започнува со една мисија. Формирање на уникатна – целосно македонска боречка вештина која согласно мегународните номенклатури носи англиски назив TFS – ESD [top fighting system – effective self defense] и започнува со нејзино модифицирање, ставање на правилата за борби на хартија, формирање на целата философија и конечно пробни борби во TFS – ESD.

Во 2013 година на Светските првенства од ISDO и WPKA во Атина, Република Грција, а посебна свеченост светската тренерска асоцијација WTA на Златко Неделковски му доделува официјален сертификат за посебни придонеси во развојот на боречките спортови и вештини во светот и му го потврдува постоењето на TFS – ESD како засебна национална боречка вештина со што Македонија станува и на глобално ниво 25-та земја од 198 држави според ООН која има своја соптвена боречка вештина.

Оваа година на Светското првенство во WFMC во Хаген, Германија е донесен развоен план со кој во 2016 започнува промоцијата на TFS – ESD со семинари за едукација и пробни борби во над 90 земји во светот со крајна цел на Светскит првенства во 2017 да стане и официјална дисциплина за борби и демонстрации.

Одбележувајќи 35 години од Кунг Фу Клубот “Битола” Битола, 10 години од Академијата за боречи вештини “ЗА НЕД ДО” и 5 години од TFS – ESD година е јубилејна по сите параметри.

А успехот е неоспорлив. Само од последните четири светски првенства во три светски организации Македонија котира високо.

Од Светските првенства во ISDO и WPKA во Атина во 2013 година, македонскиот тим од 4 натпреварувачи се враќа со 7 светски титули во конкуренција од 50 национални тимови, следната година 2014, од Светското првенство во WFMC во Умаг, Хрватска, македонскиот тим од 10 натпреваварувачи се враќа со 23 светски титули во конкуренција од 45 национални тимови.

Од  Светското првенство во WFMC во Хаген, Германија, македонскиот тим го носи големиот успех, со учество на 16 натпреварувачи се освоени 27 светски титули во конкуренција на 65 национални тимови.

Додека оваа 2016 година на Свестското првенство насловено како “Светски фестивал на боречките вештини” во Сер, Грција, со учество на 36 натпреварувачи освоени се 51 светска титула во конкуранција на над 40 земји учеснички.

108 светски титули за четири години.

Златко Неделковски моментално е носител на наголемата титула, Grandmaster. А ги поминал сите параметри за да ја достигне во своите 45 години професионален спортски работник. Од натпреварувања преку тренерски обврски па до претставување на комплетен национален македонски тим.

Дијана Неделковска, негова ќерка со боречи вештини се запознава од нејзината петта година. Прво како ученик, па како инструктор.

Постепено напредувајќи во вертикалната хиерархија станува носител на титулата TFS – ESD мајстор 6-ти дан и станува официјален тренер на македонскиот тим.

Постигнувајќи го навидум невозможното, таа е трократен светски првак во ектремна самоодбрана во апсолутна категорија [мажи и жени од 18 години нагоре] во три светски организации.

Сонот е остварен. Ова е ендемична појава во контактните спортови. Како што најави и самата од следната година веќе нема да се натпреварува. Врвот е постигнат. Целосно ќе се посвети на својата тренерска работа – усмерувајќи ги идните млади македонски надежи заедно со нејзинот татко во нивната професионална кариера.

Моментално Златко и Дијана Неделковски и Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” се официјални претставници за Република Македонија во неколку светски федерации кои збирно се од интерес на спортовите и вештините кои ги работат низа години.

WPKA – World Pan Amateur Kick Boxing Association
ISDO – International Self Defense Organization
WFMC – World Fight Sports and Martial Arts Counsel
AFSO – World All Fight System Organization

Во контекст на самоодбраната Златко и Дијана имаат реализирано многу семинари и обуки а биле и учесници и гости на збирни конвенции на кои колегите од оваа бранша споделуваат искуства.

Само изминатите три години одржаа семинари и обуки за самоодбрана во сите нејзини три сегменти, инстинктивна, осознаена (спортско – натпреварувачката е дел од TFS – ESD системот) и обуки на приватните агенции за обезбедување лица и имот како и специјалните единици на полицијата и војската.

Ваков вид на семинари и обуки се одржани во Хрватска, Србија, Бугарија и Грција од земјите од Балканот а во Македонија тие се реализирани на неколку нивоа во неколку градови низ Македонија.

Уште во 2011 – 2012 година Златко Неделковски го започнува ТВ проектот за едукација и презентација на самоодбранбени техники во соработка со ТВ Тера, емисија во која беа канети гости од општествено културниот живот во регионот кои на лице место ја обработуваа ситуацијата и ја реализираа самоодбраната.

По завршувањето на овој проект со одобрение од подрачното министерство за образование Златко и Дијана Неделковска во 2012 реализираа сеопфатна програма од сегментот на инстинктивна самодбрана во  основни и средни училишта во Битола каде на најкритичната категорија – децата им е одржана 45 минутна едукација од примарните сегменти на инстинктивната самоодбрана.

По овој проект следните години се реализираа семинари за јавноста, на само на првиот се пријавија над 120 учесници на возраст од 18 до 70 години и на кој разни категории на граѓани се стекнаа со првите сертификати за базично познавање на Инстиктивната самоодбрана и сегменти од осознаената самоодбрана.

Системот на сертификација е меѓународно признат од страна на International Self Defense Organization но како целосно македонски пристап под практикувањето на TFS ESD.

Следеа семинари за обука на професионалните обезбедувачи но и гостување како едукатори на специјалните полициски единици на Република Македонија.

Воедно во третиот сегмент за професионалци беше реализирана обемна обука на претставници од скоро сите приватни агенции за обезбедување на Република Македонија во огранизација на Комората за приватно обезбедување на Република Македонија.

На индивидуално барање на дел од агенциите по носењето на новите Законски измени кои со себе носеа измени и дополнувања се реализираа и тематски семинари од интерес на самата агенција.