hfw_3den_-1096  hfw_3den_-1103 hfw_3den_-1106

Во основа според TFS ESD системот самоодбраната ако се исклучи спортско натпреварувачката која се практикува на натпревари се дели на:

  • Инстинктивна самоодбрана
  • Осознаена самоодбрана
  • Самодбрана за професионалци во областите на приватно обезбедување и специјални единици

Златко Неделковски 2016 година го издаде и првото ЦД од трилогијата Самоодбрана по TFS ESD системот кое е наменето токму за Инстинктивната самообрана.

Инстинктивната самоодбрана или лична одбрана претставува едноставен систем на самозаштита  од напад или обид за напад од еден или повеќе напаѓачи базиран на природната интуитивна реакција или инстинкт на самозаштита кој секој човек ја има во себе со самото раѓање.

Заштитата од овој вид ја делима на неколку основни групи:

– Инстиктивна самозаштита или лична одбрана која ја користиме без претходна подготовка и таа е во целост реакција на вродениот инстинкт при напад врз нас;

– Осознаена самоодбрана при што нашата реакција се должи на претходно најавен напад врз нас во форма на опомена, претлуство или директна закана за реакцијата или нападот врз нас кој ќе следи.

И двете се делат на повеќе фази и тоа:

– Превенција;

– Комуникација;

– Пристап;

– Проценка;

– Реакција или реализација;

 

  1. Превенција
    Превенцијата може да ја поделиме на повеќе подгрупи но во случајот се работи за едукација за лична превенција.
    Секој мал предмет кој скоро секогаш го имаме со нас може да ни го спаси животот и да ја подобри ефикасноста на самоодбраната.
    Ние мора да сме секогаш свесни за околината и она што се случува околу нас со цел да се чуствуваме безбедни но тоа не треба да е опсесија која ќе се граничи со фобија туку рутинско впивање на тие податоци со цел да го подобриме квалитетот на нашето живеење и сопствената безбедност.
    Основите не се да се впуштиме во директен конфликт туку со оние предмети кои ги имаме со нас да го одвлечеме вниманието на напаѓачот – да го спречиме за кратко нападот и најбрзо што е можно да го напуштиме местото.
    Во времето во кое живееме ова не е дополнителна туку фундаментална култура на живеење со цел со најмал можен контакт – конфликт со напаѓачот да извршиме превенција – избегнување на нападот врз нас.
    Свесни за себе и околината ние интуитивно создаваме комфорна зона и тоа треба да е рутина а не оптеретување.
  2. Комуникација
    Комуникацијата во основа е најбитна. Ние мора – сакале тоа или не, да воспоставиме форма на смирен дијалог со потенцијалниот напаѓач.
    Во случај комуникацијата да не е успешна се применува превеницијата.
    Во комуникацијата ние не сме надмени ни лути. Напаѓачот не го цениме по неговиот физички изглед. Ние мора да се обидеме на што е можно мирен а со тоа и безбеден начин да избегнеме конфликт.
    Комуникацијата мора да ја воспоставиме. Така ќе направиме проценка на ситуацијата. Комуникацијата има свои граници.
    Прва фаза е смирен и предупредувачки тон со “Ве молам, оставете ме на мира!” Што е доволно да предизвика внимание кај случајните минувачи но и често да допре до свеста на напаѓачот дека знаеме кои му се намерите.
    Гласното “Пушти ме! Бегај!” е веќе стадиум кога знаеме дека нема место за нормална комуникација. Комуникацијата за примарна цел го има одвраќањето од намерата за напад. Крајна цел е тој да се изнегне а не да се предизвика.
  3. Пристап
    Пристапот во одредена ситуација значи дека при одредена комуникација ние мора да бидеме подготвени за можно психичко но и физичко малтретирање каде нашиот живот ќе биде загрозен.
    При самата комуникација ние завземаме став со телото при што едната нога е малку понапред од другата. Го поставуваме телото под агол од 45 степени во однос кон напаѓачот и рацете ги подигаме во висина на градите во форма на стоп а не гард зошто тоа иритира.
    Комуникацијата не смее да престане. Мора да најдеме налин како да комуницираме со напаѓачот со што добиваме се повеќе време да собереме информации од типот дали тој е сам, дали е под дејство на алкохол или некои супстанци, дали намерите за напад му се реални или само сака да не заплаши, да ги осознаеме опциите, каде се наоѓаме, кои ни се најблиски објекти и субјекти кои би ни помогнале.
    Позиционирањето на телото ни дава повеќе опции со што при напад ние имаме можност да го заштитиме телото од удари бидејќи рацете ни се во неутрална зона, блиску и до главата но и до остатокот на телото, како и можност да возвратим со удар со задната нога се со цел да го онеспособиме за кратко напаѓачот и да избегаме од местото на можен напад.
  4. Проценка
    Проценка значи да се има јасна слика на целокупното збиднување околу нас и конкретно врз самата ситуација со напаѓачот.Ние мора преку проценката да осознаеме:- Дали напаѓачот е сам или не;

    – Кои се неговите крајни намери;

    – Дали само не заплашува или нападот е неизбежна реалност;

    – Дали напаѓачот е алкохолизиран или под дејство на дрога;

    – Дали напаѓачот има и кој вид на оружје кое ќе го употреби врз нас;

    Напаѓачот не е клише. Потенцијалниот напаѓач може да биде крајно културен и смирен и воопшто да не оддава сигнали за можен напад. Во основа комуникацијата со непознати лица треба да се избегнува. Ние мора да сме претпазливи но тоа мора да е интуитивно и слободно.

  5. Реализација
    Сите сегменти од инстинктивната самоодбрана се подеднакво важни. Во основа тие се една целина. И само ако ги следиме внимателно се постигнува опцијата за реализација на инстинктивната самоодбрана или како да се одбраниме во даден момент од можен напад.
    Најбитно при реализацијата е да бидете смирени и ефективни – многу брзи при самтата реакција.
    Добра реализација е таа кога со сите сегменти сте успеале да се одбраните а притоа да не употребите физичка сила.
    Сепак, во случај да дојде до тоа, истото мора да се изведе брзо и ефективно како би го збуниле напаѓачот и спречиле нападот.