Прв семинар за Инстинктивна Самоодбрана во Скопје!

03ти Декември 2016, Спортска сала на ДСУ Јосип Броз Титo

 

Се чувствувате ли безбедно?

Познавате ли барем еден пријател кој во скоро време бил нападнат или ограбен? И еден е премногу!

Секојдневно слушаме се повеќе приказни за напади врз девојки и  млади жени, деца, постари луѓе, се почесто се тие напади „среде бел ден“ или на фреквентна локација. Се почесто слушаме приказни за провалувања и грабежи во станови и куќи, и тоа додека сопствениците се внатре! И секогаш е истото прашање: Како ќе реагираш очи во очи со натрапникот?

Напаѓачот може да биде агресивен, понекогаш е алкохолизиран, користи опијати но може да е најдобриот и најкомуникативниот сосед.

Кој и да е тој, знаете ли да се заштитите? Знаете ли да ги заштитите Вашите најмили? Знаат ли тие да се заштитат од предаторите?

Инсктинтивната самоодбрана не e само уште еден од низата семинари, по кои некој ќе ви вети дека сте професионалец во оваа област на боречките вештини. Напротив, таа е многу повеќе од тоа. Инстинктивната самоодбрана првенствено е начин да се заштитите, потоа начин да се чуствувате безбедно и на крај стил на живеење во оваа денешница.

Инстинктивната самоодбрана, во суштина е она што и произлегува од нејзиното име. Будење на инстинктите. Потсетување на вештините и самоодбрамбените механизми кои веќе ги имаме во себе. А се што треба е правилно и адекватно поттикнува за нејзиното познавање.

Инстиктивната самоодбрана е наменета за обичниот граѓанин кој едноставно нема време или афинитети кон било кој спорт или вештина но сака да знае како да се самозаштити.

Инстинктивната самоодбрана е за деловна жена која нема време да учи самоодбрамбени техники и редовно да посетува школи за боречки вештини. Инстинктивната самоодбрана е за модерниот маж кој е помирен со фактот дека новото време на живеење самото по себе носи нови методи но и начини [оружје] со кои напаѓачот може да ве совлада.

Инстиктивната самоодбрана е за децата. Оние кои сега веќе алармантно за жал се секојдневно  мета на педофилски напади. Инстиктивната самоодбрана е за млада тинејџерка која нема време за активен живот и продуктивен спортски ангажман бидејќи целиот живот е пред неа.

Инстинктивната самоодбрана е и за баба и дедо. Оние постарите кои се честа мета на ситните криминалци но често е и жртви поради својата немоќ.

Инстинктивната самоодбрана е стара колку и човековото постоење а има безвременски вредности и можности. Тоа е будење на внатрешниот – вроден инстинкт кој човекот го има од своето раѓање. И тоа е нешто што го има секој и секој може да го пронајде во себе. Научете како да ја користите за побезбедно секојдневие.

Инстинктивната самоодбрана е рефлекс. Вие постојано ја практикувате во помали дози а притоа не сте ни свесни за тоа. Инстинктивната самоодбрана има и хуман аспект. Сите ние се грижиме за некого.

Инстиктивната самоодбрана не само одбрана од напад. Мајка која ја става раката врз своето дете додека кочи се користи со философијата на инстинктивна самоодбрана или во конкретниот случај именуван како мајчински инстинкт.

hfw_3den_-1092 hfw_3den_-1093 hfw_3den_-1096  hfw_3den_-1103 hfw_3den_-1106