hfw_3den_-1092 hfw_3den_-1103 hfw_3den_-1106

Во основа, семинарот за  инстинктивна самоодбрана содржи воведен дел кој кратко ја објаснува фактичката состојба на имање нагон на инстинктивна самоодбрана кај секој човек кој треба само да биде разбуден и надграден соодветно од секодневието.

Практичниот дел ќе вклучи работа на практични примери за учесниците од најраната возраст до повозрасните години, а ќе се реализираат сите варијации на користење на инстинктивната самоодбрана во конкретни случаи.

При семинарот ќе се реализираат низа обиди за напад од еден или повеќе напаѓачи со или без оружје (дрвена палка, нож, метална шипка)  и ќе се работи на одбраната преку петте столба на инстинктивната самоодбрана како би можеле да ги градираме и решиме нападите најпрво без конфликт, но и реакцијата и одбраната доколку нападот е неизбежен.

Можеби не сте помислиле до сега но хартиените марамчиња, карминот, пенкалото, клучевите од автомобилот па дури и полу празното пластично шише од сок или вода и стариот веќе прочитан дневен весник ни се можност како да направиме опструкција т.е. прекин на намерите на напаѓачот и да се тргнеме што побрзо на безбедно место. На семинарот ќе го обработиме и тоа што се може да ни послужи како предмет за поефективна самоодбрана. Бастунот и чадорот не се само потребни алатки во секодневието. Во миг стануваат наша шанса да избегнеме да бидеме нападнати и совладани.

Имаме и елементи на превентивна инстинктивна самоодбрана. Така на пример, ќе се обработат ситуации кога би поминувале ноќе сами низ празни и неосветлени улици. Што ако имаме влез во кој немаме осветлување и низа други примери од овој тип.

Секој учесник со партнер и инструктор ќе проба да ја изведе техниката и тоа не со цел да го исполни времето туку да се убеди и лично дека инстинктивната самоодбрана е нешто што го може, нешто што го знае, нешто што од некаде му е познато и лесно за примена. И касањето и клоцањето и викањето и удирање се инстинктивна самоодбрана.

Што ако некој ви впери пиштол и ви го побара паричникот? Ќе му го дадете и ќе си заминете! Премногу филмско е сценариото во кое вие го совладувате противникот и среќни со својот паричник го напуштате местото. Целта на овој семинар е да ве научи како да се одбраните во потенцијално опасни ситуации, со прва цел да излезете од нив здрави и неповредени.

Ова е само мал ден од она што во основа ќе го осознаете како Инстинктивна самоодбрана, нешто што е дел од вас, но со модерното време било потиснато длабоко под бремето на денешницата. Потребно е да бидете свесни за целата онаа лепеза опасности кои не демнат, и да го имате како знаење.

Но не како параноја. Како инстинкт. Како што инстинктивно дувате во жешко и внимавате од студено. Исто како што земате чадор кога врне, така и инстинтивната самоодбрана без посебно оптеретување треба да стане дел од вашето секодневие. Побезбедно секојдневие.