Sales Manager – Менаџер за продажба

Моментум Инк. има потреба од менаџер за продажба на настани и конференции кои се во организација на агенцијата.


Менаџерот за продажба има една од најодговорните улоги во нашата агенција. Тој ја претставува агенцијата, нејзините принципи и вредности, идеи, визии и замисли пред актуелните и потенцијалните клиенти, соработници, спонзори и партнери.

Нашата соработка со клиентите се базира на создавање на взаемна вредност и задоволство отсликана во повеќе годишна соработка на успешни проекти. Менаџерот за продажба треба да се стреми кон исполнување на овие принципи и одржување на значајни врски и односи со надворешните страни. Оваа позиција подразбира најмногу комуникација, секојдневни контакти и претставување на агенцијата и нашите проекти пред надворешни страни, било тоа да се компании, невладини организации, останати маркетинг агенции итн.

Кандидатот потребно е да ги поседува следните вештини:

• Претходно искуство од продажба – минимум 3 години;
• Увереност во сопствените комуникациски и продажни вештини;
• Упорност и истрајност;
• Организираност и флексибилност;
• Развиени комуникациски и интерперсонални вештини;
• Развиени ораторски вештини;
• Способност за брзо учење и совладување на проблеми;
• Самоинцијативност и мотивираност при работењето;
• Ориентираност кон успех и резултати.

Клучни одговорности на менаџерот за продажба:

• Телефонски и личен контакт со потенцијалните клиенти за актуелните настани на агенцијата;
• Следење на актуелностите и новите развои во разни индустрии опфатени со нашите проекти, самостојано пребарување и надополнување и ажурирање на постоечката база на клиенти;
• Да биде комуникативен/комуникативна и да го адаптира својот пристап во зависност од ситуацијата/ потребата;
• Да води евиденција за кореспонденцијата со секој клиент посебно;
• Самоиницијативно и проактивно да ги извршува задачите;
• Уредно да го информира својот надреден за извршувањето на работните задачи.

Менаџерот за продажба ќе има за задача да контактира клиенти, да ги запознае со сите детали околу актуелните настани и да врши продажба на котизаци/закуп на изложбен простор. Надоместот за извршената работа ќе вклучува процент од исполнет шестмесечен таргет, а висината на процентот како и основната плата ќе биде утврдена зависно од искуството на кандидатот.

Вашата кратка биографија и мотивациско писмо зачувани во PDF формат испратете ги најдоцна до 20.04.2018, на momentum.inc@momentum.mk, со наслов SALES Име Презиме.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.