Events Assistant (Trainee) – Асистент на настани (практикант)

 

Keywords: live events, event marketing, event branding, experiential marketing

Цел на позицијата:

Асистентот на настани е одговорен за поддршка на Координаторот на настани, а работи под директива на Менаџерот на настани во спроведување на целото портфолио на настани согласно поставениот распоред и буџет. Ова вклучува администрација на прирачници и насоки за изложувачи, одржување на поврзаните веб страни, креирање и проверка на содржина – текстови/материјали за објава, креирање на програмскиот дел на настаните, координирање на маркетинг кампањи пред секој настан, кореспонденција и врска со изложувачи, изведувачи, подизведувачи, медиумски партнери, спонзори, локација итн., одржување на датабази, изработка/администрирање на скици и распореди, асистенција на деновите на одржување на настаните.

Клучни одговорности:

  • Работи заедно со Менаџерот и Координаторот на настани во целокупното планирање и извршување на портфолиото на настани;
  • Креативен придонес во осмислување на програмскиот дел на настаните пред секој настан, вклучувајќи истражување, предлог и утврдување на соодветни изведувачи;
  • Креативен придонес во осмислување на маркетинг кампањите пред секој настан, вклучувајќи истражување, предлог и утврдување на соодветни медиумски партнери;
  • Осигурување вкупните административни работи поврзани со настанот да се завршени навремено и точно, вклучувајќи:
    • Асистенција во кореспонденција со изведувачи и беспрекорна испорака на Програмата: штом изведувачите се потврдени, да се осигура дека информациите за изведувачите и Програмата се ажурирани онлајн;
    • Асистенција во креирање на рекламна содржина за настаните, кореспонденција со медиумски покровители и осигурување дека содржината е навремено и точно објавена;
    • Подготовка на прирачници вклучувајќи временска рамка и технички/лоистички/правни информации за секој клиент/учесник;
  • Продукција и објава на содржина на веб страните и социјалните медиуми за секој настан соодветно;
  • Истражување на соодветни локации, водители, изведувачи и забава на настаните;
  • Асистенција во продукција на високо квалитетни промотивни материјали вклучувајќи темелна проверка на материјали како брошури, постери, флаери, влезници, покани, пропусници, формулари, програми итн.
  • Организирање на испораки и достава до и од локациите;
  • Асистенција во сите аспекти на сценографија;
  • Организирање на влезни прашања и кореспонденција со изложувачи, спонзори, изведувачи, подизведувачи, медиа партнери, менаџери на локација, технички персонал, хостеси, прашања на посетители;
  • Обврски кои произлегуваат од организација на настанот на лице место – конкретни обврски доделени од Менаџерот на настани, вклучувајќи: одговарање на прашања на изложувачи/спонзори, надгледување на приемниот пулт, надгледување на техничкиот персонал, брифирање и контакт со одговорните лица од локацијата, координација на хостеси, осигурување дека се следат скиците и распоредите и тн.
  • Преземање на дополнителни задачи и обврски по директива на Менаџерот на настани во осигурување на непреченото одвивање и развој на Агенцијата во целина;
  • Решавање на проблеми и обрнување на внимание на Менаџерот на настани доколку е соодветно;
  • Внесување податоци, ажурирање и водење на датабазите;
  • Асистенција во изработка и ажурирање на скиците на локациите по инструкција;
  • Прибирање на формулари и организирање на податоци дадени од изложувачи и подизведувачи;
  • Администрација на документи при ангажирање и менаџирање со привремено ангажиран персонал – хостеси, фотографи, камермани, техничка и логистична поддршка;
  • Аранжмани за патување/сместување на изведувачи (ако е соодветно);
  • Осигурување дека сите информации се ажурирани и точни.

Клучни вештини и знаење:
Есенцијални

  • Познавање на индустријата;
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Одлични организациски способности;
  • Одлична координација и креативно решавање на проблеми;

Пожелни

  • Искуство во организација на настани.

Клучни способности:

  • Висока мотивација, издржливост и одлична снаодливост под притисок;
  • Желба за работа во динамична средина со кратки рокови;
  • Проактивност и самоиницијативност;
  • Креативност;
  • Тимски играч;
  • Внимание на детали.

Технички познавања:
Есенцијални

  • Одлично познавање на Microsoft Word и Excel;
  • Познавање и работа со Google Forms, Documents, Drive.
  • Одлично познавање на Facebook Page Manager;
  • Познавање на Mailchimp платформата;

Пожелни

  • Познавање и работа во WordPress и
  • Основни познавања на Adobe Photoshop и/или Illustrator;

Ве молиме аплицирајте со Ваша кратка биографија и мотивациско писмо зачувани во PDF формат на momentum.inc@momentum.mk  со наслов ПРАКТИКАНТ_Име_Презиме најдоцна до 18ти Јануари! 2Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.