Sleep is good.

beautiful girl sleeps in the bedroom

Сме слушнале (а богами и почувствувале) што значат бескрајните летни ноќи. Топлото време преку ден прави да ја цениме свежината на вечерта која ни се чини бескрајно пријатна. Не примамува и раздвиженоста низ град. Повеќе ни се излегува. Навечер ни се јаде. Подоцна легнуваме. Се помалку спиеме.

Но добриот сон има огромен (и навистина велиме, огромен!) број на придобивки за вашето здравје. Да ве потсетиме на само дел:

Кожа
Спиењето го подобрува тенот. Директно ќе ви помогне со бледиот „исплакнат“ тен. Додека спиете, кожата се регенерира и расте, што помага да го постигнете оној здрав сјај. Докажано е и дека лишување од сонот ги зголемува воспалителните процеси, како и отпорноста на инсулинот, и двете состојби кои поттикнуваат создавање акни. Кога станува збор за брчките пак, додека спиеме нашето тело произведува повеќе протеин, дозволувајќи им на клетките да ја поправат штетата, вклучувајќи ги и оние кои се оштетени од сонце и загадување. Оние 8 часа сон резултираат и во поголемо производство на хормон за раст (HGH) кој придонесува кон еластичност на кожата, односно помали шанси за брчки.

Вежбање
Доволен сон е суштински за атлетските перформанси според  David Geier MD – специјалист по спортска медицина од Charleston, SC. Спиењето ја подобрува брзината, прецизноста и времето на реакција кај спортистите. На најголем број луѓе им се потребни 7 до 9 часа на сон, но ако активно тренирате, препорачливо е да си поспиете уште еден час плус. Ненаспаноста не само што ќе ве направи уморни следниот ден, но има и големо влијание на процесите кои се случуваат во вашето тело. Едноставно кажано – спиењето е време кога нашето тело се регенерира. Ако не сме наспани, нема да имаме добри резултати. Не верувате? На универзитетот Stanford е спроведена студија која го следела кошаркарскиот тим во период од неколку месеци. Играчите додале во просек 2 часа спиење плус секоја вечер. Резултатите – брзината им се зголемила за 5%. Слободните фрлања им биле 9% попрецизни. Имале побрзи рефлекси, и се чувствувале посреќни. Хмммм…. Кое време ќе си легнеме вечер?

Подобро здравје, зголемена меморија и подолг живот
Различен тип воспаленија се поврзани со срцеви болести, срцеви напади, дијабетис, артритис и предвремено стареење. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои помалку спијат – 6 или помалку часа на вечер – имаат повисоки нивоа на воспалителни протеини во крвта од оние кои спијат повеќе. На друго ниво, иако не изгледа така, нашиот ум е многу зафатен додека спиеме. За време на спиењето се утврдуваат сеќавањата или се „вежбаат“ вештини кои сме ги научиле додека сме биле будни (процес наречен консолидација). Конечно, премалку сон се асоцира и со пократок животен век (иако не е јасно дали е причина или последица, бидејќи и болестта може да влијае на навиките за спиење). Според една студија од 2010-та, кај жени на возраст од 50 до 79 години се јавиле повеќе смртни случаи кај оние кои спиеле помалку од пет часа на ден.

Ако сте како нас, би требало да сте среќни за едно одлично и научно потковано оправдание за „дремнувањето“ повеќе наутро. Или навечер… Или попладне. Ма, имате право да си поспиете секогаш кога ќе ви се посака и го можете тоа. Вашето тело го бара тоа.

557