Monday no. 3 – five more ways to relax this week.

Macka del 3

Повторно ве подготвуваме за неделата која следи. Без паника, имаме совет за секој ден од неделата.

  1. Понеделник: Креативна визуелизација

Се сеќавате на вежбата од минатиот петок? Овој пат ќе ја примениме на поинаков начин. Креативната визуелизација е психолошка техника која може да ви помогне да ги постигнете вашите посакувани цели. Спортистите често ја користат оваа техника за постигнување натпросечни резултати. (Неспорно е дека менталната подготвеност е прв предуслов за постигнување на било каков, а посебно спортски успех.) Овој понеделник, поставете цели за работната недела. Но, наместо да чувствувате притисок да ги остварите, направете 15 минутна вежба (ако ви требаат насоки овде) во која ќе го визуелизирате крајот на работната недела во кој целите успешно ги постигнавте. Почувствувајте го задоволството и гордоста за добро завршената работа. Пофалбата од шефот. Можеби сте и на пат до унапредување? Отворете ги очите и со насмевка на вашето лице фрлете се на работа мотивирани и сигурни во успехот.

  1. Вторник: Прогресивна релаксација

Сте слушнале ли за прогресивна (мускулна) релаксација? Ова е техника за вистинско, реално опуштање на мускулите низ два чекори. Прво, систематски стегнете одредена мускулна група – на пр. вратот и рамената. Одржете ја контракцијата десетина секунди. Полека ослободете ја тензијата. Забележете како ги чувствувате мусклулите откако ќе ги опуштите. Доколку е потребно, повторете.

  1. Среда: Слаткиот ден

Некако традиционално, среда е ден за слатки задоволства. Сте пробале ли чоколадата да ја замените со манго? Мангото е богато со линалол, кој го намалува нивото на стрес. Слатко задоволство и смирени нерви во едно. Плус, ако поставите и скринсејвер од некоја егзотична плажа можете „креативно да се визуелизирате“ на некој тропски одмор во септември. Никогаш не се знае, нели? 🙂

  1. Четврток: Гума за џвакање?

Гумата за џвакање е изненадувачки брз и едноставен начин за ослободување од стресот. Само неколку минути џвакање може да ја намали анкциозноста и да го намали нивото на кортизол. Бонус: ќе изгледате, а и ќе се чувствувате посамоуверено.

  1. Петок: Сам свој масер

Масажата на рацете може да биде особено корисна за луѓе кои поминуваат многу време на компјутер. И самите не сме свесни колку всушност товар носат нашите раце. Нанесете малку миризлив лосион и темелно измасирајте ги дланките.  Притиснете помеѓу палецот и показалецот (притисокот треба да биде доволно силен за да предизвика блага болка која можете да ја издржите) за да се ослободите од напнатоста во рамењата, вратот и главата.

На крајот на денот, неделата па и не изгледа толку долга, нели? 🙂

relax8