Good morning. It’s workout time.

Ок. Сабота е, и тоа наутро. На сите ни треба малку мотивација. Пред да ја прескокнете опремата за вежбање, би сакале да посочиме неколку работи.

Начинот на кој ќе се разбудите влијае на остатокот на денот, а тоа ја вклучува и исхраната и тренингот. За некои од нас, утрата знаат да бидат навистина тешки. Но наместо да чекате вистински да се „разбудите“, направете си услуга и научете се директно да прејдете на NMP (neural morning primer). Ова ќе му дојде нешто како утринска подготовка, вежба за започнување на тренингот, но и денот. Се работи за краток 5 до 10 минутен кружен тренинг наменет да го разбуди вашиот нервен систем, да ја поттикне циркулацијата и лачењето на хормони и да го олесни внесувањето на голема количина на кислород во вашето тело, што директно ќе го разбуди и вашиот мозок и ќе ве втурне директно во продуктивен остаток на денот.

Сте слушнале дека телото продолжува да согорува калории и по завршување на тренингот нели? Епа овој феномен, наречен EPOC (excess post-exercise oxygen consumption) е поголем кога вежбате наутро. Во суштина, вежбањето наутро најизразено го забрзува метаболизмот, дозволува поголем внес на кислород во телото, а со тоа и поголемо согорување во текот на денот. За најдобар ефект, внимавајте да вклучите барем едно експлозивно движење кое ќе ја забрза циркулацијата и ќе го разбуди вашето тело.

Кога веќе ќе го тргнете ова од листата, слободни сте да го планирате денот како сакате. Колку пати ви се случило да пропуштите тренинг бидејќи се отвориле нови поинтересни планови за забава или едноставно сте се премориле и сте го откажале тренингот? Денот знае да донесе секакви искушенија, примамливи социјални активности и планови. Кога ќе извежбате наутро, подготвени сте да се соочите со денот кој следи.

Наградата за тоа што вежбавте наутро ќе ве следи во текот на целиот ден. Некои истражувања, како она на Shelley S. Tworoger, PhD, од The Fred Hutchinson Cancer Research Center во Seattle покажуваат одредена врска меѓу вежбањето наутро и подобрување на квалитетот на сонот. Со оглед на тоа што вежбањето го стимулира целото тело, природно е кога вежбате навечер на телото да му биде потешко да се опушти и мирно да заспие.

Ако порано не сте вежбале наутро, нормално е да имате послаб перформанс на почетокот. Напредокот ќе дојде како што утринското вежбање ќе ви стане рутина. Затоа трпеливо но упорно со утринските вежби.

И ако ова не ве мотивираше доволно, тука е старото добро Welcome to the Grind: