Fall into health!

cold-flu-prevention-tips

Романтично би било да кажеме дека есента „ни се прикраде“, но овој пат навистина не е така. Повеќе би рекле дека не фати „на сец“, па испонастинавме, што е нормално. Ако и вас ве фати есенската настинка, прочитајте како да си олесните. А ако сте од оние, посреќните, прочитајте пак, за да знаете како да се заштитите.

Пилешка супа
Не е ништо ново дека пилешката супа навистина помага кај настинките. Но зашто е тоа така? Резултатите објавеи во медицинскиот дневник Chest предлагаат дека познатиот рецепт може да го забави движењето на неутрофилите, белите крвни зрнца кои го штитат телото од инфекции. Така забавени, тие можат да останат сконцетрирани во деловите на телото на кои им се најмногу потребни. Значи, навистина функционира.

Ѓумбир
Можеби нашиот омилен рецепт, кој докажано делува – ѓумбир. Исецкајте или изрендајте неколку парченца свеж ѓумбир во врела вода, и додадете една лажичка мед. Ѓумбирот е фантастичен за олеснување на болките во грлото, но ќе ги олесни и останатите симптоми како лошење, главоболка, затнат нос, а во комбинација со медот и двете делуваат и на генерално подобрување на имунитетот.

Мед
Кога сме веќе кај медот, освен што ја олеснува болката во грлото, според истражувањето објавено во Pediatrics може и да ја намали кашлицата. Медот влијае и за подобар сон, кој пак самиот може да ја олесни настинката. Генерално, медот има огромен број антибактериски и антимикробни својства, па потрудете се да консумирате барем 10 грама дневно.

Лук
Што го прави лукот толку здрав? Тој ја состои состојката алицин која ги блокира ензимите кои го поттикнуваат развивањето на огромен број бактериски и вирусни инфекции. Сепак, најдобро е лукот да се користи како превентива, па паметно е да користите додатоци на исхраната на база на лук барем додека трае „сезоната“ на грип и настинки.

Јогурт
Сигурно не ви паднало на памет, но јогуртот може да го намали ризикот за развивање на респираторни инфекции за 12 проценти. Комбинирајте го со суперхрана како боровница, брусница, ацерола, и ќе добиете здрав десерт, со многу протеин и калциум.

Солена вода
Звучи откачено, но American Journal of Preventative Medicine докажа дека гаргара со солена вода може да помогне во превенција и олеснување на симптомите на респираторни инфекции. Солениот раствор помага и кај болки во грлото но и затнат нос. Солениот раствор го намалува и разредува секретот за да може покесно да ги отстрани бактериите и алергените од телото. Рецепт: растворете една лажичка морска сол во чаша вода, измешајте, направете гаргара во устата и грлото па исплукајте. Ако го користите растворот за нос, прво превријте ја водата па оставете да се олади.

И не дозволувајте сезоната да ве спречи да вежбате! Останете здрави!

winter-running-21